Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕСТИРА 1

1
ЈУДЕЈЦИ ВО ОПАСНОСТ
1:1-4:17
А. Ахасверово богатство и слава
1Во времето на Ахасвер, на оној Ахасвер, кој владееше над сто и дваесет покраини од Индија до Етиопија. 2Во тоа време, додека царот седеше на престолот на своето царство во тврдината на градот Шуша, 3во третата година на своето царување, тој даде гозба за своите кнезови и службеници. Така се најдоа пред него заповедници на персиската и мидијската војска, првенците и покраинските управители. 4Полни сто и осумдесет денови, тој ги покажуваше богатството и славата на своето царство и величествениот блесок на својата величина. 5Кога помина тоа време, царот даде во градинскиот трем на својот дворец, седмодневна гозба за сиот народ, кој се наоѓаше во тврдината на градот Шуша, од најголемиот до најмалиот. 6Завеси од најубав лен, од волна, од отворено црвено сукно беа прицврстени со врвци од љубичесто и од црвено сукно на сребрени прстења на столбовите од бел мермер. На подот од зелен и од бел мермер, од бисери и од бесцени камења, се наоѓаа постели од сребро и злато. 7За пијачка служеа со златни чаши сѐ една од друга различни, а вино имаше царски изобилно, како што ѝ личи на царската сила. 8Се пиеше по некое правило но не присилно, зашто царот им нареди на сите надгледувачи на својот дворец да постапуваат со секого според неговата желба. 9И царицата Астина даде гозба за жените во царскиот дворец на царот Ахасвер.
Б. Отстранување на царица Астина
1. Царица Астина одбива да послуша
10На седмиот ден, кога царевото срце беше весело од вино, им нареди на Меуман, Висат, Арвон, Викта, Авакта, Зетар и Харкас, на седуммината скопенци, кои му служеа на царот Ахасвер 11за да ја доведат пред него царицата Астина со царскиот венец, за да им ја покаже на народот и на кнезовите нејзината убавина. Таа навистина беше привлечна. 12Но царицата Астина не сакаше да му се одѕвие на царскиот повик, што ѝ го пренесоа дворјаните. Тогаш царот се разбесна многу и неговиот гнев се распламта.
2. Сменување на царица Астина
13И ги запраша мудреците кои ги познаваат времињата. Зашто секоја царска работа се проучуваше така меѓу оние кои ги познаваа законите и правото. 14Најблиски му беа Карсен, Сетар, Адмат, Тарсис, Мерес, Мерсен и Мемукан, седум кнезови на Персија и Мидија. Тие смееја да го гледаат царевото лице и заземаа најистакнати места во царството. 15Ги праша: „Што треба да биде преземено според законот против царицата Астина, која не ѝ се покори на царевата заповед, што ѝ ја соопштија дворјанците?“ Тогаш Мемукан одговори пред царот и пред кнезовите: „Царицата Астина не згреши само пред царот туку и пред сите главатари и пред сиот народ, кој престојува во сите покраини на царот Ахасвер. 17Зашто за царичиното држење ќе научат сите жени па ќе ги презираат своите мажи, велејки: „Царот Ахасвер нареди да ја доведат пред него царицата Астина но таа не сакаше да дојде. 18И жените на персиските и мидијските кнезови, откако ќе научат за царичиното однесување, уште денес ќе им раскажат на царевите главатари, па ќе има противење и презирање во изобилство. 19Затоа, ако му е угодно на царот, нека биде објавена царската заповед и нека биде вметната меѓу законите на Персија и Мидија, така што не ќе може да биде отповикана, царицата Астина да не смее веќе да се појави пред царот Ахасвер, а царот нека ѝ ја предаде царската чест на друга жена, подобра од неа. 20Кога таа наредба, што царот ќе ја даде, ќе се расчуе по целото царство, што е навистина големо, сите жени ќе им искажуваат почитување на своите мажи, од најголемиот до најмалиот.“ 21Зборот им се свиде и на царот и на неговите кнезови. Затоа тој направи како што му советуваше Мемукан. 22Испрати писма во сите царски покраини, на секоја покраина со писмо со кое таа се служела, а на секој народ на негов јазик, за да биде секој маж господар во својата куќа.

Селектирано:

ЕСТИРА 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се