НЕЕМИЈА 13
13
Е. Крај на Неемиевите потфати
1. Одделување на другите народи
1Во она време му се читаше на народот Мојсеевиот свиток, и таму се најде запишано дека Амонец и Моавец не смеат никогаш да влезат во Божјиот собор, 2зашто не им излегоа во пресрет на Израелевите синови со леб и вода, туку и го најмија против нив Валаама, за да ги проколне, но нашиот Бог ја обрна клетвата на благослов. 3Кога го чуја Законот, ги исклучија сите странци од Израел.
2. Домашни работи на Товиј - вон Храмот
4А пред тоа свештеникот Елијасив, поставен над собите на нашиот Бог, му беше - на својот роднина Товиј - 5средил пространа соба каде беа оставени порано приносите, темјанот, посатките, десетокот од житото, виното и маслото, одредени за левитите, пејачите и вратарите и придонесите за свештениците. 6Во тоа време не бев во Ерусалим, зашто во триесет и втората година на вавилонскиот цар Артаксеркс отидов кај царот; но по некое време измолив од царот 7за да можам да се вратам во Ерусалим. Тогаш научив за злото дело што го направил Елијасив, одредувајќи му соба на Товиј во дворовите на Божјиот Дом. 8Тоа ме расрди многу; го исфрлив од собата сиот намештај на Товииниот стан, 9и наредив да ги исчистат собите, потоа ги внесов онаму посатките на Божјиот Дом, доприносите и темјанот.
3. Издржување на левити
10Го научив и тоа дека левитите не ги даваа своите делови и дека и левитите и пејачите, одредени за служба, се разбегаа секој во своето поле. 11И ги укорив старешините и реков: „Зошто е запустен Божјиот Дом?“ Потоа ги собрав левитите и пејачите и ги вратив на нивните служби. 12Тогаш сета Јудеја донесуваше во собиралиштата десеток од житото, виното и маслото. 13Над складовите ги поставив свештеникот Селемиј, книжевникот Садок и левитот Федај, а покрај нив Анан, синот Захуров, син Матаниев. Нив ги сметаа за верни; нивната должност беше да им делат на своите браќа. 14Затоа, Боже мој, спомни си за мене: не презирајги моите побожни дела, кои ги направив за Домот на својот Бог и за службата во него.
4. Обнова на саботна починка
15Во она време видов во Јудеја луѓе, кои газеа во каци во саботен ден; други носеа снопови жито, товареа на ослици вино, грозје, смокви и секакви товари, за да ги внесат во саботен ден во Ерусалим. И ги укорив луѓето зашто продаваат храна во тој ден. 16А Тирците, кои живееја во Ерусалим, донесуваа онаму риби и секакви стоки за да им ги продаваат на Евреите во сабота. 17Ги укорив јудејските големци и им реков: „Какво зло дело правите и го осквернувате саботниот ден? 18Не правеа ли така и вашите татковци, та Бог ја доведе сета оваа несреќа на нас и на нашиот град? А зар вие сакате да го умножите гневот против Израел обесветувајќи ја саботата?“
19И уште заповедав спроти сабота, кога мракот ќе се спушти врз ерусалимските врати да ги затворат нивните крила, и реков да не ги отвораат додека не помине саботата! Поставив неколку свои момоци при вратата, за да не се внесува никаков товар во саботен ден. 20Еднаш или двапати трговците и продавачите на разновидни стоки поминаа ноќ вон Ерусалим, 21но ги предупредив и им реков: „Зошто ја поминувате ноќта под ѕидот? Ако го повторите тоа, ќе подигнам рака против вас!“ Од тоа време веќе не доаѓаа во сабота. 22Им заповедав на левитите да се очистат и да дојдат да ја чуваат вратата, за да би се празнувал саботниот ден. Спомни си за мене и за ова, Боже мој, и смилувај ми се според Својата голема милост!
5. Забрана на брак со жени туѓинки
23Во оние денови видов и Евреи, кои се беа ожениле со Азотки, Амонки и Моавки. 24Половината нивни синови зборуваше азотски или на јазикот на овој или оној народ: веќе не знаеја да зборуваат еврејски. 25Ги корев и ги проколнував, некои и ги биев, им ги корнев косите и ги заколнував во Бога: „Не давајте ги своите ќерки за нивните синови, и не земајте жени од нивните ќерки за своите синови, а ни за себе! 26Не згреши ли во тоа Соломон, Израелевиот цар? Меѓу многу народи немаше цар рамен на него. Му беше мил на Бога, и Господ го постави цар над сиот Израел. Но туќинките го наведоа и него на грев! 27Треба ли да се слуша како и вие што правите големо зло и Му станувате неверни на нашиот Бог, женејќи се со туѓинки?“
28Еден од синовите на Јодад, синот на велесвештеникот Елијасив му беше зет на Оронецот Санавалат. Него го избркав од кај себе. 29Спомни си, Боже мој, за овие луѓе, зашто ги осквернија свештенството и свештеничкиот и левитскиот завет.
6. Заклучок
30Така ги исчистив од сѐ туѓо и пак ја воспоставив службата на свештениците и левитите, доделувајќи му ја секому неговата служба. 31Уредив да се носат и дрва во одредени денови, и првините. Спомни си за мене, Боже мој, за мое добро!
Селектирано:
НЕЕМИЈА 13: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: