ЕСТИРА 6
6
3. Аманов заговор и негов неуспех
1Во таа ноќ царот не можеше да заспие. Затоа нареди да мудонесат и да му читаат од книжниот свиток за знаменитите настани, од Летописите. 2Таму се најде запишано како Мардохеј ги поткажа Вихтана и Тереса, двајцата цареви дворјанци, чувари на прагот, кои се подготвуваа да подигнат рака против царот Ахасвер. 3Царот праша: „Каква чест и какво одликување му се дадени на Мардохеја за сѐ тоа?“ Царевите слуги, дворјанците кои го слушаа, одговорија: „Ништо не е сторено за него.“ 4Тогаш царот праша: „Кој е во предворјето?“ А во надворешниот двор на царскиот дворец беше стигнал Аман, за да бара да го обесат Мардохеја на бесилката, што веќе беше направена за него. 5Царевите службеници одговорија: „Ене, Аман се наоѓа во предворјето.“ „Нека влезе!“ нареди царот. 6Штом Аман влезе, царот го праша: „Што треба да му се направи на човекот, кого царот сака да го почести?“ Аман си рече во себе: „Кого сака царот да го почести ако не мене?“ 7Затоа му одговори на царот: „За човекот кого царот сака да го почести 8треба да бидат донесени царските облеки, што самиот цар ги облекува, и да биде доведен коњот кого царот го јава, и да му биде ставен царски венец на главата. 9Облеките и коњот царот нека му ги предаде на еден од најугледните цареви кнезови, за тој да го облече оној кого царот сака да го почести и нека го одведе на коњ до градското трговиште, извикувајќи пред него: „Така му бидува на оној кого царот сака да го почести!“ 10Тогаш царот му нареди на Амана: „Земи ги веднаш облеките и коњот како што рече, па направи така со Евреинот Мардохеј, кој седи при царевата врата, и не пропуштај ништо од она што си рекол!“ 11Аман ги зеде облеките и коњот: го облече Мардохеја во облеките и го помина на коњот по улиците на градот, викајќи пред него: „Така му бидува на оној кого царот сака да го почести!“
12Малку потоа Мардохеј се врати кај царевата врата, а Аман тажен и со покриена глава, отиде бргу дома 13та ѝ раскажа на Сереса, својата жена, и на сите свои пријатели, што се случи. Неговите советници и жената Сереса му рекоа: „Ако Мардохеј пред кого почна да се сопнуваш, му припаѓа на Еврејскиот род не ќе го надвиеш, туку тој без друго ќе те обори.“
14Уште разговараа за тоа, кога ете ги царевите дворјанци. Дојдоа да го бараат Амана за да го одведат бргу на гозбата што ја подготвила Естира.
Селектирано:
ЕСТИРА 6: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: