ЕСТИРА 7
7
4. Аманово паѓање
1Царот и Аман дојдоа на гозбата на царицата Естира. 2И вотој втор ден, додека се пиеше вино, царот ѝ рече на Естира: „Која ти е молбата, царице Естиро? Ќе ти биде задоволена! Која е твојата желба? Ако е и половината од царството, ќе ти биде!„ Царицата Естира одговори: „Ако цару, најдов милост во твоите очи, и ако ти е по волјата, нека ми биде подарен во името на молбата животот, а во името на желбата мојот народ! 4Зошто јас и мојот народ сме предадени за погубување, за колење и за уништување. Да бевме предадени во ропство, ќе молчев, зашто неволјата не ќе беше штетна за царот.“ 5Но царот Ахасвер ја прекина царицата Естира во зборот па ја праша: „Кој е тој? Каде е тој што намислил да направи нешто такво?“ Тогаш Естира одговори: „Прогонувачот и непријателот е Аман, овој злосторник!“ 6Аман се исплаши пред царот и царицата. 7Царот, гневен, го остави виното та отиде во градината на дворецот. Аман остана покрај царицата за да ја моли за својот живот, зашто увиде дека е готова неговата несреќа пред царот. 8Царот се врати од градината во дворницата каде се пиеше виното. Дотогаш Аман беше паднал на постелката врз која се наоѓаше Естира. „Се обидуваш уште и со насилство над царицата и тоа во мојот сопствен дом?“ извика царот. Туку што тие зборови излегоа од царевата уста, му го покрија лицето на Амана. 9Тогаш кажа Арвон, еден од дворјанците кои стоеја во царева служба: „Ене ја и бесилката што ја подготви за Мардохеја, кој зборуваше во царева полза. Се наоѓа покрај Амановата куќа и е висока педесет лакти.„ Царот заповеда: „Обесете го на неа!“ 10Амана го обесија на бесилката што ја беше подготвил за Мардохеја, и царевата јарост стивна.
Селектирано:
ЕСТИРА 7: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: