ИЗЛЕЗ 36
36
1„Затоа Веселеил, Елијав и сите вештаци, кои Господ ги надари со вештина и способност да ги извршат искусно сите работи потребни за Светилиштето, нека ги направат како што Господ заповеда.“ 2Тогаш Мојсеј ги повика Веселеил, Елијав и сите оние што Господ ги надари со вештина; сите кои ги поттикнуваше срцето да се зафатат со работата и да ја извршат. 3Тие ги презедоа од Мојсеја сите приноси кои ги донесоа Израелците за да се направат работите за изградбата на Светилиштето. Но бидејќи тие и натаму донесуваа приноси утро по утро, 4сите мајстори, кои го градеа Светилиштето, дојдоа - секој од работата на која работеше - 5и му рекоа на Мојсеја: „Народот донесува многу повеќе отколку што е потребно за изведување на работата, што Господ ни нареди да ја извршиме.“ 6Затоа Мојсеј издаде повелба што ја разгласија низ логорот: „Повеќе ниеден маж ни жена нека не донесуваат никаков прилог за Светилиштето!“ Така го запреа народот, па не донесуваше нови дарови. 7Што имаа, беше доста за да се сврши целото дело, и уште имаше отповеќе.
Покривала за Шаторот
8И така најискусните луѓе меѓу трудбениците го направија Шаторот. Го направија од десет завеси од преден лен и од љубичесто, црвено и темноцрвено предено. Ликови на херувими беа извезани врз нив. 9Должината на секоја завеса изнесуваше дваесет и осум лакти, а широчината на секоја завеса четири лакти. Сите завеси беа со иста мерка. 10Пет завеси составија една со друга, а пет други завеси составија пак една со друга. 11На работ на последната од завесите составени во едно, направија петелки од сина волна; истото го направија и на работ на последната завеса на вториот дел; 12направија педесет петелки на едното парче, а педесет петелки на работ на завесата на вториот дел. Петелките стоеја една спроти друга. 13Тогаш направија педесет златни куки и ги составија завесите со куките една со друга. Така Шаторот беше како една целина. 14Потоа за покривање на Шаторот: направија завеси од козина, ги направија единаесет. 15Должината на секоја завеса беше триесет лакти, а широчината четири лакти. Тие единаесет завеси беа со иста мерка. 16Составија пет завеси одделно, а шест други одделно. 17Направија педесет петелки на работ на завесата на едниот дел, а педесет петелки направија на работ на другиот дел. 18Направија и педесет куки од бронза за да го состават покривот заедно, така што да претставува една целина. 19Потоа направија покрив за Шаторот од направени црвени овновски кожи, а врз него друг, од јазовечки кожи.
20Исправените нагоре даски за Шаторот ги изработија од багремово дрво. 21Должината на секоја даска беше десет лакти, а широчината лакот ипол. 22Секоја даска имаше два клина еден спроти друг, за да ја држат исправена. Тоа го направија на секоја даска за Шаторот. 23Даските за Шаторот ги направија вака: дваесет даски за јужната страна; 24направија четириесет подножја од сребро под дваесет даски - две подножја под првата даска за нејзините два клина, и две подножја под секоја следна даска за нејзините два клина. 25За втората, северната страна на Шаторот направија дваесет даски 26и за нив четириесет подножја од сребро - две подножја под првата даска, а по две подножја под секоја идна даска. 27Одназад на Шаторот, кон запад, направија шест даски. 28Направија и две даски за аглите на Шаторот одназад. 29Тие беа составени при дното, но при врвот се составуваа со едно колце. Така двете ги поставија за двата агла. 30Имаше осум даски со нивните подножја од сребро; шеснаесет подножја, под секоја даска две.
31Направија лостови од багремово дрво: пет од нив за даските на едната страна на Шаторот, 32а пак пет лостови за даските на другата страна на Шаторот, и пет лостови за даските на Шаторот одназад, кон запад. 33Тогаш направија средишен лост што поминуваше низ средината на даските од крај до крај. 34Ги опковаа даските со злато, а нивните колца, низ кои беа провлечени лостовите, ги направија од злато. И лостовите ги опковаа со злато.
Завеса
35Направија завеса од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и од преден лен; ја направија со извезани херувими. 36Направија за неа четири столбови од багремово дрво и ги опковаа со злато. Нивните куки беа од злато, а им одлеаја и четири подножја од сребро. 37На влезот во Шаторот направија завеса од љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен, исткаена уметнички, 38и за неа пет столпчиња со нивните куки. Врвовите на столпчињата и нивните поврзувачи ги опковаа со злато, додека пет подножја им направија од бронза.
Селектирано:
ИЗЛЕЗ 36: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapistaging.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fmk.png&w=128&q=75)
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.