ГАЛАТЈАНИТЕ 1
1
Вовед
1Павле - апостол, испратен не од луѓе, ниту преку посредство на човек, туку преку Исуса Христа и Бог Таткото, Кој Го воскресна од мртвите - 2и сите браќа, кои се со мене, до црквите во Галатија. 3Благодат и мир на вас од Бога, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа, 4Кој се даде Себеси за нашите гревови, за да нѐ избави од сегашниот лукав век, по волјата на нашиот Бог и Татко! 5Кому е слава во сите векови. Амин!
6Се чудам дека така брзо се одвратувате од Оној, Кој ве повика во Христовата благодат, и преминувате кон друго евангелие, 7кое не е друго, само има некои, кои ве збунуваат и сакаат да го изопачат Христовото Евангелие. 8Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет! 9Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет! 10Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител.
Бог го повикал Павле за апостол
11Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко, 12бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа. 13Вие секако сте чуле за моето некогашно живеење во јудејството: како прекумерно ја гонев Божјата црква и ја запустував. 14и во јудејството надминав многу свои врсници во својот народ, вдахновен од преголемата ревност за преданијата на своите прататковци. 15А кога Му беше по волја на Оној, Кој ме оддели од утробата на мојата мајка и ме призва преку Својата благодат, 16да Го открие во мене Својот Син, за да Го проповедам меѓу народите, не се посоветував веднаш со тело и крв, 17ниту отидов горе во Ерусалим кај оние, кои пред мене беа апостоли, туку отидов понатаму во Арабија и пак се вратив во Дамаск.
18А на три години потоа отидов горе во Ерусалим, за да го видам Петар, и останав при него петнаесет дена. 19А некој друг од апостолите не видов, освен Јаков, братот Господов. 20А пак што ви пишувам, еве пред Бога велам дека не лажам. 21Потоа дојдов во краиштата на Сирија и Киликија. 22А на црквите во Јудеја кои се во Христа, лично им бев уште непознат, 23тие беа само слушале: „Оној, кој некогаш нѐ гонеше, сега ја проповеда верата, која некогаш ја разурнуваше.“ 24И го славеа Бога во мене.
Селектирано:
ГАЛАТЈАНИТЕ 1: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: