ГАЛАТЈАНИТЕ 2
2
Другите апостоли го признаваат Павле
1На четиринаесет години потоа отидов горе пак во Ерусалим со Варнава, земајќи го со себе и Тит. 2А отидов горе по откровение и им го изложив Евангелието, кое го проповедам меѓу народите, но насамо на видните, можеби да не трчам или да не сум трчал напразно. 3Но ни Тит, кој беше со мене, иако Грк, не беше принуден да се обреже, 4и тоа заради тајно воведените лажни браќа, кои се вовлекле за да ја согледуваат нашата слобода, која ја имаме во Христа Исуса, за да нѐ поробат. 5На кои не им отстапивме ни за час, ниту им се покоривме, за да остане со вас вистината на Евангелието. 6А што се однесува за оние, кои беа сметани за видни, какви и да биле некогаш, мене ми е сеедно; Бог не гледа на човековото лице - тие видните ништо не ми придадоа. 7Туку, напротив, кога видоа дека мене ми е поверено Евангелието меѓу необрезаните, како на Петар меѓу обрезаните - 8зашто Оној, Кој го оспособи Петра за апостолство меѓу обрезаните, ме оспособи и мене за паганските народи - 9и кога ја познаа благодатта, што ми е дадена, Јаков, Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ги дадоа, мене и на Варнава, десниците во знак на заедништвото; за да одиме ние до паганските народи, а тие до обрезаните; 10само да си спомнуваме за бедните, за истото, што и ревнував да го правам.
11А кога Кифа дојде во Антиохија, му се спротивставив во лице, зашто требаше да биде осуден. 12Имено, пред да дојдат некои од Јакова, тој јадеше со многубошците, но кога дојдоа овие, тој се повлече и се отстрани, заради страв од обрезаните. 13И дволичеа со него и другите Јудејци, така што нивното лицемерство го заведе и Варнава. 14Кога видов дека не одат право според вистината на Евангелието, му реков на Кифа пред сите: „Ако ти, кој си Јудеец, живееш како народите; а не јудејски, како можеш да ги принудуваш народите да живеат јудејски. 15Ние сме по раѓање Јудејци, а не грешници од народите. 16Но бидејќи знаеме дека човекот не се оправдува од делата на Законот, туку само преку верата на Исуса Христа, и ние поверувавме во Христа Исуса, за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден човек. 17Па ако и ние самите, сакајќи да се оправдаме во Христа, се најдовме грешници, дали е тогаш Христос служител на гревот? Далеку од тоа! 18Зашто, ако повторно го ѕидам она што сум го разурнал, се покажувам како престапник: 19зашто јас умрев преку Законот за Законот, за да живеам за Бога. 20Со Христа сум распнат на крстот; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене: а животот што сега го живеам во телото, го живеам преку верата во Божјиот Син, Кој ме возљуби и Се предаде Себеси за мене. 21Не ја поништувам Божјата благодат, зашто ако правдата доаѓа преку Законот, тогаш Христос умрел напразно.
Селектирано:
ГАЛАТЈАНИТЕ 2: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: