Лого на YouVersion
Икона за пребарување

БИТИЕ 40

40
Јосиф - толкувач на соништа
1Потоа виноцрпецот и лебопекарот на египетскиот цар му згрешија на својот господар - на египетскиот цар. 2Фараонот се налути на своите два дворјани, на главниот пехарник и на главниот пекар, 3па ги стави во затвор, во зградата на заповедникот на телохранителите - во истата темница каде беше затворен и Јосиф. 4Началникот на телохранителите одреди Јосиф да ги послужува. Откако поминаа во затворот некое време, 5тие двајца - виноцрпецот и лебарот на египетскиот цар, затвореници - видоа сон во иста ноќ. Секој сонуваше свој сон; и секој сон имаше свое значење. 6Кога Јосиф дојде утрото при нив, забележа дека се нерасположени. 7Ги праша фараоновите дворјани, кои беа со него во темницата, во зградата на неговиот господар: „Зошто сте денес така потиштени?“ 8Му одговорија: „Видовме соништа, но нема никој да ни ги протолкува.“ Јосиф им рече: „Зар толкувањето не Му припаѓа на Бога? Ајде, раскажете ми!“
Сон на виноцрпецот. Толкување
9И главниот пехарник му го раскажа на Јосифа својот сон: „Сонував дека пред мене е лоза. 10На лозата имаше три млади прачки. И туку што распупи, расцвета и на нејзините гроздови узреаја зрната. 11Кога ја држев во раката фараоновата чаша, зедов грозје, го исцедив во фараоновата чаша, а тогаш ја ставив чашата во фараоновата рака.“ 12Јосиф му рече: „Ова ти е значењето: трите млади прачки се три дни. 13По три дни фараонот ќе те помилува и ќе те врати на твоето работно место; пак ќе ја принесуваш чашата во фараоновата рака, како и порано, додека му беше виноцрпец. 14Кога пак ќе ти биде добро, спомни си дека и јас бев со тебе, па направи ми ја оваа услуга: спомни ме пред фараонот и обиди се да ме избавиш од домов. 15Зашто, навистина, бев одведен насила од земјата на Евреите; ни тука не сум сторил нешто лошо, а ме фрлија во темница.“
Сон на главниот лебар. Толкување
16Кога главниот лебар виде како Јосиф даде добро толкување, му рече: „Сонував дека три бели кошници ми беа врз главата. 17Во најгорната имаше разновидни печива, што пекар ги прави за фараонот, но птици јадеа од кошницата врз мојата глава.“ 18Јосиф одговори: „Ова е значењето: трите кошници се три дни. 19По три дни фараонот ќе ја издигне твојата глава и ќе те обеси на дрво, па птиците ќе јадат месо од тебе.“
20На третиот ден, на фараоновиот роденден, тој направи гозба за сите свои царедворци и си спомна за главниот виноцрпец и за главниот лебар среде своите службеници. 21Го врати главниот виноцрпец во виноцрпачка служба, па и натаму ја ставаше чашата во фараоновата рака, 22а го обеси главниот лебар, како што Јосиф им протолкува. 23Сепак главниот виноцрпец не се сети за Јосифа - го заборави.

Селектирано:

БИТИЕ 40: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се