ЕВРЕИТЕ 5
5
1Зашто, секој првосвештеник, кој е избран од помеѓу луѓето, се поставува за луѓето, за да служи пред Бога, за да принесува дарови и жртви за гревовите, 2како оној кој може да биде благ кон оние кои не знаат и се заблудени, зашто и самиот е со слабост. 3И заради тоа е должен да принесува жртви за гревовите, како за народот, така и за себеси. 4И никој не ја зема оваа почест за себе, туку Бог го повикува, како и Арона. 5Така и Христос не се прослави Сам Себеси за да биде Првосвештеник, туку Оној Кој Му рече: „Ти си Мој Син, Јас Те родив денес,“ 6како што Тој и на друго место вели: „Ти си свештеник довека по редот Мелхиседеков.“ 7Тој, во деновите на Своето тело, Му принесе молитви и молби со силно викање и солзи, на Оној Кој можеше да Го спаси од смрт, и беше чуен заради богобојазливоста. 8Иако беше Син, ја научи послушноста од она што го претрпе 9и откако се усоврши, им стана на сите кои Му се послушни, Повод за вечно спасение, 10наречен од Бога Првосвештеник по редот Мелхиседеков.
Укорување на оние на кои им е испратено посланието
11За ова имаме да зборуваме многу, што е тешко да се протолкува зашто станавте мрзливи за слушање. 12Имено, според времето требаше да бидете учители; меѓутоа вам ви е пак потребно да ве учи некој на основните начела на Божјите пророчки зборови; и станавте такви што ви е потребно млеко, а не тврда храна. 13Зашто секој, кој се храни со млеко, неискусен е во словото на правдата, зашто е младенец. 14А тврдата храна е за полнолетните, кои преку навика, ги извежбале сетилата да разликуваат добро и зло.
Селектирано:
ЕВРЕИТЕ 5: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.