ЕВРЕИТЕ 7
7
Христос е Првосвештеник по редот Мелхиседеков
1Зашто овој Мелхиседек, салимски цар, свештеник на Сѐвишниот Бог, кој го пресретна Авраама кога се враќаше по победата над царевите, и го благослови; 2кому Авраам му оддели десеток од сѐ; чие име прво значи „Цар на правдата“, потоа „Цар на Салим“ односно „Цар на мирот“, 3без татко, без мајка, без родословие, кој немаше ниту почеток на деновите, ниту свршеток на животот, сличен на Божјиот Син, останува вечно свештеник.
4Гледате ли колку е голем оној кому патријархот Авраам му даде десеток од најдобриот плен! 5Навистина и оние од Левиевите синови, кои ја примаат свештеничката служба, имаат заповед според Законот да земаат десеток од народот, односно од своите браќа, иако и тие излегоа од Авраамовите бедра. 6Но оној, кој не произлегол од нив зеде десеток од Авраама и го благослови оној кој ги имаше ветувањата. 7А и без секаква противречност е дека помалиот е благословен од поголемиот. 8И така, тука смртни луѓе земаат десеток, а таму Оној, за Кого се сведочи дека живее. 9И да речам така, Левиј, кој зема десеток, даде десеток преку Авраама, 10зашто уште беше во бедрото на својот татко, кога Мелхиседек го сретна.
11И така, ако исполнувањето беше преку левитското свештенство, зашто народот го прими Законот под него, каква потреба би била уште да се издигне друг свештеник по редот Мелхиседеков и да не се наречува по редот Аронов? 12Зашто, ако се промени свештенството по неопходност станува и промена на Законот. 13Бидејќи тој, за кого се вели ова му припаѓаше на друго племе, од кое никој не служел при жртвеникот. 14Зашто е познато дека нашиот Господ произлезе од Јудиното племе, а за свештенство од ова племе Мојсеј ништо не рече.
15Тоа станува уште појасно ако се воздигне друг свештеник според сличноста на Мелхиседек, 16кој не станал тоа според закон на телесна заповед, туку според силата на неуништливиот живот. 17Зашто за него се сведочи: „Ти си свештеник довека по редот Мелхиседеков.“ 18Со тоа се укинува поранешната заповед, заради нејзината слабост и бесполезност - 19зашто Законот не усовршил ништо, а се воведува подобра надеж, преку која се доближуваме до Бога. 20Доколку не бива без заклетва, имено другите станаа свештеници без заклетва; 21а Тој со заклетва преку Оној, Кој Му рече: „Господ се заколна и нема да се покае: Ти си свештеник довека“, 22дотолку и Исус стана залог на подобар завет. 23И тие во голем број станаа свештеници зашто смртта ги спречуваше да продолжат, 24а Тој пак има свештенство, што не може да мине на друг, зашто останува довека. 25Затоа и може наполно да ги спасува оние, кои преку Него доаѓаат при Бога, зашто секогаш живее, за да посредува за нив. 26Зашто таков Првосвештеник ни требаше и нам: свет, невин, непорочен, одвоен од грешниците и повозвишен од небесата, 27Кој нема секојдневна потреба како првосвештениците, да принесува жртва прво за своите гревови, а потоа за гревовите на народот, зашто тоа го направи еднаш за секогаш принесувајќи се Самиот Себе. 28Зашто, Законот поставува слаби луѓе за големи свештеници, а зборот на заклетвата - дадена после Законот, Синот, Кој е усовршен довека.
Селектирано:
ЕВРЕИТЕ 7: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: