Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕВРЕИТЕ 8

8
1Во ова што е кажано главно е: имаме таков Првосвештеник, Кој седна оддесно на престолот на Величеството во небесата 2како служител на Светилиштето и на вистинскиот Шатор, што го подигна Господ, а не човек. 3Зашто секој првосвештеник се поставува за да принесува и дарови и жртви, затоа е потребно и тој да има што да принесе. 4Зашто, ако Тој беше на земјата, не би бил ни свештеник, зашто тука има такви, кои ги принесуваат даровите според Законот; 5тие им служат на сликата и на сенката на небесните нешта, како што му беше речено на Мојсеја, кога требаше да го направи Шаторот: „Гледај, рече, да направиш сѐ според образецот, што ти беше покажан на гората!“ 6И сега, доби толку повозвишена служба, колку што е посредник на подобриот завет, што е озаконет врз подобри ветувања. 7Зашто, ако оној првиот завет беше без недостаток, не ќе се бараше место за вториот. 8Зашто укорувајќи ги, им вели: „Еве, идат денови вели Господ, и ќе склучам Нов Завет со Израелевиот дом и со Јудиниот дом; 9не онаков каков што склучив со нивните татковци, во оној ден кога ги зедов за рака, за да ги изведам од Египетската Земја, зашто тие не му останаа верни на Мојот завет, и Јас не се погрижив повеќе за нив, - вели Господ. 10зашто ова е Заветот со кој ќе го заветувам Израелевиот дом по оние денови, вели Господ: ќе ги вложам Своите закони во нивниот ум, и ќе ги напишам во нивните срца. Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ. 11И ниеден веќе нема да го поучува својот ближен и ниеден својот брат, велејќи: „Познај Го Господа, зашто ќе Ме познаваат сите од малиот до големиот меѓу нив, 12зашто ќе бидам милостив кон нивните неправди, и нема веќе да си спомнувам за нивните гревови!“ 13А кога вели „Нов“, со тоа го прогласил првиот за застарен. А што старее и оветвува не е далеку од исчезнувањето.

Селектирано:

ЕВРЕИТЕ 8: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се