ИСАИЈА 3
3
3. Безвластие во Ерусалим како казна за грев
1Ете, Господ, Господ над Воинствата, им ги одзема на Ерусалим и Јудеја секоја поткрепа, помош во леб и помош во вода, 2јунакот и војникот, судијата и пророкот, вражалецот и старешината, педесетникот и чесниот, 3советникот и мудриот уметник и оној што се занимава со баење. 4„А за главатари им поставувам деца, им давам на дечињата да владеат над нив.“ 5Луѓето ќе бидат угнетувани, човек од човек и секој од својот ближен; детето ќе се големее над старецот, простиот над чесниот, 6па секој ќе го фаќа брата си во татковата куќа: „Ти имаш облека, биди ни главатар, и тие урнатини нека бидат под твоја рака!“ 7А тој ќе се брани, во оној ден: „Не сакам да бидам водач, нема кај мене ни леб ни облекло: не ме поставајте за кнез на народот.“ 8Ерусалим се разурна и Јудеја падна зашто нивниот јазик и нивните дела Му се противат на Господа, па му се бунтуваа на погледот на Неговата Слава. 9Нивното лице сведочи против нив, го разгласуваат својот грев како Содом и не го кријат, тешко им ним, сами си спремаат пропаст. 10Кажете: „Блазе му на праведникот, ќе се храни со плодот на своите дела! 11Тешко му на нечесниот, ќе му биде зло, на него ќе паднат делата на неговите раце. 12Дете го угнетува Мојот народ, и жените владеат со него. О народе мој, твоите владетели те заведуваат и го раскопуваат патот по кој одиш.“ 13Господ стана да се суди со Својот народ, 14Господ доаѓа на суд со старешините и главатарите на Својот народ: „Го опустивте Моето лозје, во вашите куќи е што му одзедовте на сиромавиот. 15Со кое право го угнетувате Мојот народ и го газите лицето на бедниот?“ - Зборува Господ, Господ над Војските. 16И Господ рече: „Зошто се гордеат сионските ќерки па одат со испружени вратови, намигнуваат наоколу со окото, чекорат со ситни чекори, ѕвецкаат со гривните на нозете? 17Ќе го оќелави Господ темето на сионските ќерки, ќе ја открие Господ нивната голота.“ 18Во оној ден Господ ќе одземе сѐ со што се гордее таа: веришките на нозете, мрежите за коса и месечинките, 19наушниците, нараквиците и превезите, главоврските, појасите, малите садови со мириси и приврските, 20прстените и обетките за носот, 21скапоцените облеки и плаштениците, приврските и торбичките, 22огледалата и кошулчињата, преврските за глава и наметките. 23Место благомириси, смрдеж; место појаси, јаже; место кадрави коси, ќелавост; место раскошна облека, вреќиште; место убавина, гнилеж. 24Твоите мажи ќе паднат од меч, твоите јунаци во војна. 25Твојата врата ќе кука и ќе тажи, ќе седиш напуштена на земјата.
Селектирано:
ИСАИЈА 3: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: