Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 4

4
1И седум жени ќе се фатат за еден маж - во оној ден: „Ќе јадеме свој леб, ќе речат, и ќе се облекуваме во своја облека, дај ни само да го носиме твоето име, симни го од нас сиот наш срам.“
4. Месијански ветувања на Сион
2Во оној ден Господовиот Подник ќе биде убав и славен, а земниот плод за убавина и слава на спасените во Израел. 3Кои ќе останат на Сион - и кои ќе преживеат во Ерусалим, ќе се наречат „свети“ и ќе бидат запишани да живеат во Ерусалим. 4Кога Господ го измие срамот на сионските ќерки и ја избрише од Ерусалим крвта пролеана од здивот на судот и од здивот што изгорува. 5Ќе создаде Господ над сета Сионска Гора и над сите оние кои ќе бидат онаму на собор, облак со дим, дење, а ноќе блесок на пламен оган. Зашто, врз сето тоа Славата ќе биде засолниште. 6И ќе има шатор за да засенува дење од припек, штит и засолниште од пороен дожд и од бура.

Селектирано:

ИСАИЈА 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се