Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 48

48
24. Казна и враќање на Израел во Ветена Земја
а. Исполнување на пророштвото за пленство
1„Чујте го ова, Јаковов доме, вие кои се наречувате со Израелевото име и кои излеговте од Јудините води! Вие кои се колнете во Името на Господа и кои го спомнувате Израелевиот Бог, но не со вистина и со правда. 2Зашто вие се наречувате по Светиот Град и се потпирате на Израелевиот Бог, Господ на Силите Му е Името. 3Минатите настани ги навестив одамна, излегоа од Мојата уста, и Јас ги објавив, направив брзо, и се збидна. 4Зашто знаев дека ти си корав, дека вратот ти е железна жила и дека челото ти е бакарно. 5Затоа веќе тогаш ти навестив, ти јавив пред да се збидне за да не речеш: ‘Мојот кип го направи тоа, мојот делкан лик и одлеаниот идол заповедаа така!’ 6Го чу и го виде сѐ тоа, зар не признаваш? А сега ќе ти навестам нешто ново, тајно што уште не го знаеше; 7во овој миг е создадено, а не одамна, за тоа досега ништо не си чул, за да не речеш: ‘Знаев.’ 8Не чу за тоа ниту знаеше, ниту твоето уво се отвори порано, зашто знаев дека ќе изневериш и дека те викаат отпадник од мајчината утроба.
б. Божја слава преку Израелева беда
9Заради Своето име го одлагав Својот гнев, заради Својата слава се воздржував да не те уништам. 10Ете, те исчистив како сребро, те искушав во топилницата на неволјата. 11Зради Себе правев така, заради Себе! Па зар Моето Име да биде обесветено? Својата слава не му ја давам на друг!
в. Кир - Божјо оружје за казна на Вавилон
12Чуј ме, Јакове, Израеле, кого го, повикав: Јас Сум истиот, Јас Сум првиот, Јас Сум и последниот. 13Мојата рака ја основа земјата, Мојата десница ги оптегна небесата. Само да ги повикам и доаѓаат веднаш. 14Соберете ги сите и чујте: кој од нив го прорече тоа? Оној кого го љуби Господ ќе ја исполни Мојата волја над Вавилон и над потомството на Халдејците. 15Јас реков и го повикав, го водев и му помогнав на наумот. 16Пристапете кон Мене и чујте го ова: Од почеток не ви зборував тајно, и кога се збиднуваше, бев таму. - А сега Господ Господ ме испраќа со Својот Дух.“
г. Враќање на Израел од Вавилон
17Вака зборува Господ, твојот Искупител, Израелевиот Светец: „Јас Господ, твојот Бог, те учам за твое добро, те водам по патот по кој треба да одиш. 18О, да внимаваше на Моите заповеди, твојот мир ќе беше како река, а твојата правда како морски бранови! 19Твоето потомство ќе беше како песок, а породот на твојата утроба како неговите зрнца! Никогаш твоето име не ќе се сотреше, ниту ќе се избришеше пред Мене!“
20Излезете од Вавилон, бегајте од Халдеја! Воскликнувајќи гласно, кажувајте, проповедајте, разгласете до крајот на земјата! Говорете: „Господ го откупи Својот слуга Јакова!“ 21Не жеднуваа додека ги водеше низ пустината; од стената извлече вода за нив, го расцепи каменот и потече вода. 22„Нема мир за безбожниците,“ вели Господ.

Селектирано:

ИСАИЈА 48: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се