Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 50

50
2. Израелев гнев и послушност на Господов Слуга
а. Грев - разделба меѓу Господ и Израел
1Господ говори вака: „Каде е разводното писмо на вашата мајка, со кое ја отпуштив? Или кој е тој од Моите заемодавци кому ве продадов? Заради своите беззаконија сте пропадени, заради невера е отпуштена вашата мајка. 2Зошто не најдов никого кога дојдов? Зошто не се одѕва никој кога повикав? Зар ми е раката прекуса за да избавам, или нема сила во Мене за да ослободам? Ете, со Својата закана го пресушувам морето, реките ги претворам во пустина; нивните риби се распаѓаат зашто нема вода, и гинат од жед. 3Ги облекувам небесата во темнина и им давам вреќиште за покривка!“
б. Послушност и смирување на Господов Слуга, вистински Израел
4„Господ Господ ми даде вешт јазик за да знам да ги закрепнувам уморните со зборови. Секое утро Тој ми го буди увото за да го чујам како учениците. 5Господ Бог ми ги отвори ушите: Не се противев, ниту се повлекував. 6Им го подметнав грбот на оние кои ме удираа, а образите на оние што ми ја кубеа брадата, и своето лице не го скрив од навредите и од плукањето. 7Господ Бог ми помогна, затоа не ќе се збунам. Затоа го направив својот образ како кремен, и знам дека нема да се засрамам. 8Близу е оној Кој ми дава право. Кој ќе се правда со мене? Да излеземе заедно! Кој е мојот противник во парницата? Нека ми се приближи! 9Ете, Господ Бог ми помага, кој ќе ме осуди? Сите тие ќе се истенчат како облека, молец ќе ги изеде.
10Кој од вас се бои од Господа, нека го послуша гласот на Неговиот слуга! Кој оди во темнина, без зрак на светлина нека се надева на Господовото име, нека се потпре на својот Бог. 11Но сите вие палите оган, ја распалувате жарта. Одете во пламенот на својот оган, и во жарта што ја распаливте. Мојата рака ќе ви направи така: ќе лежите во маки.

Селектирано:

ИСАИЈА 50: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се