Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 57

57
б. Небесна награда за гонети верници
1Праведникот загинува и никој не го зема тоа при срце. Ги отстрануваат побожните луѓе и никој не сфаќа. Да, заради злото отстранет е праведникот 2за да би влегол во мир. Секој што оди по прав пат се одморува на своето легло.
в. Грешни Јудејци принесуваат деца за жртви на идоли
3„Пристапете сега, синови на вражалката, блудничко и прељубничко легло! 4Со кого се потсмевате, против кого ја отворате устата широко и кому му го плазите јазикот? Не сте ли вие чеда на престап и рожба на лагата? 5Вие, кои се распалувате меѓу дабовите, под секое зелено дрво, жртвувајќи деца во долините и во расцепнатините на стените! 6Твојот дел е меѓу поточните каменчиња, тие, тие се твое наследство. Ним им ја излеваш налевницата, ним им принесуваш дарови! Зар да се утешам Јас со тоа?
г. Идолопоклонство на „високи места“
7На висока издигната планина си го поставила своето легло, и си се искачила онаму за да принесуваш жртва. 8Зад вратите и зад довратниците си го поставила својот спомен; далеку од Мене го откриваш своето легло, се искачуваш на него и го шириш. Си се договарала со оние со кои сакаше да лежиш, сѐ повеќе блудничеше со нив, гледајќи го местото. 9Со масло трчаш по царот, со многу мирисливи масти, далеку ги испрати своите гласници, се понижи до Подземјето. 10Исцрпена си од толкави скитања, но не рече: ‘Безнадежно е!’ Наново ја најде својата сила, па не си папсала.
д. Ништожество на идоли
11Кога си се уплашила и боела зошто си изневерила, дека Мене веќе не си Ме спомнувала, ниту си Ме чувала во срцето? Молчев, ги затворав очите, затоа не се боеше од Мене. 12Но ќе објавам за твојата правда и твоите дела не ќе ти ползуваат. 13Кога ќе почнеш да викаш, нека те избават киповите што си ги собрала, сите ќе ги разнесе ветерот, виорот ќе ги оддува. А кој се надева во Мене, ќе ја наследи земјата и ќе ја добие Мојата Света Гора.“
ѓ. Сочувство за грешник, кој се кае
14Ќе се зборува: „Насипете, насипете, израмнете го патот! Отстранете ги пречките од патот на Мојот народ!“ 15Зашто вака зборува Вишниот и Возвишениот, Кој вечно живее, и Името Му е Светиот: „Престолувам во високо и свето место, но Јас Сум и со угнетуваните и со понижуваните, за да го оживеам духот на смирените, за да го оживеам срцето на скрушените. 16Зашто нема да се препирам довека, ниту да се лутам вечно: пред Мене би подлегнале духот и душите што Сум ги создал. 17Заради гревот на неговата лакомост се разгневив, го удрив и се скрив разгневен. Но тој сврти по своето срце 18и ги видов неговите патишта. Ќе го излечам, ќе го водам и ќе ги утешам оние што тагуваат со него - 19ќе ставам пофалба во нивните усни. Мир, мир на оној кој е далеку и кој е близу,“ зборува Господ, „Јас ќе те излечам.“ 20Но безбожниците се како разбранувано море, што не може да се смири, неговите бранови исфрлаат тиња и кал. 21„Нема мир за грешниците!“ Зборува мојот Бог.

Селектирано:

ИСАИЈА 57: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се