ЕРЕМИЈА 47
47
Б. Пророштво за Филистеј
1Слово што Господ му го упати на пророкот Еремија за Филистејците пред фараонот да ја освои Газа.
2Господ рече вака: „Еве, се дигаат води од Север и како збуени брзаци ја преплавуваат земјата и сѐ што е на неа, градовите и сите нивни жители. И луѓето викаат, и лелекаат сите жители на земјата, 3покрај татнежот на копитата на неговите ждребиња, покрај тропањето на колите и тресокот на колцата. Татковците веќе не се грижат за своите деца, зашто рацете им се онемоштени, 4заради денот што осуна за да ги истреби Филистејците, да ги сотре Тир и Сидон сѐ до последниот помагач. Зашто Господ ги истребува Филистејците, и сиот Остаток на Кафторските Острови.
5На Газа ќе ѝ биде избричена главата, Аскалон разурнат. А ти, Аштоду, Остаток на Анаковците, до кога тагата ќе те кине? 6Леле, Господов мечу, кога ли ќе се смириш? Врати се во ножницата, застани и одмори се! 7Но како да се смири, кога Господовата рака заповеда со него: против Аскалон и на морската песочина Тој го определи.
Селектирано:
ЕРЕМИЈА 47: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.