Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕРЕМИЈА 6

6
9. Пророчко видение на опсада на Ерусалим
1„Бегајте, Венијаминови синови, од среде Ерусалим! Во Текуе затрубите во рог, на Вет Акерем издигнете бојно знаме! Зашто од Север се наднесе несреќа, голема пропаст.
2Сионската ќерка е слична на убаво пасиште. 3Кај неа доаѓаат пастирите со стадата. Насекаде околу неа оптегнаа шатори, секој пасе на својот дел.“ 4„Со неа зафатете свет бој! На нозе! Да нападнеме среде денот! Тешко ни, зашто денот навалува кон запад, а вечерните сенки се издолжуваат! 5На нозе! Да нападнеме среде ноќта, да ги разурнеме нејзините дворови!“
6Зашто Господ над Војските зборува вака: „Пресечете ги нејзините дрва, издигнете насип околу Ерусалим, тоа е град што е посетен, во него е сѐ само насилство. 7Како што од кладенецот извира вода, така од него извира злото. Во него се слушаат само насилства и грабителство, пред Мене се секогаш болести и рани.
8Поправи се, Ерусалиме, за да не Ми се одврати душата од тебе, за да не те претворам во пустина, во ненаселена земја.“
9Господ над Воинствата зборува вака: „Доприбирај, доприбирај како лоза Израелев Остаток! Како берачите испружи ја раката меѓу прачките!
10Кому треба да му зборувам, кого да го опоменам да ме послушаат? Ете, увото им е необрезано затоа не можат да чујат. Ете, Господовиот збор им стана потсмев, не им е мил. 11Преполн сум со Господовиот гнев, не можам да издржам веќе!
- И така, излеј го на децата по улиците и на собирите на младите. Сите ќе ги опфати, мажот и жената, старецот и човекот на зрело доба. 12Нивните куќи ќе им припаднат на други, а така и полињата и нивните жени. Да, ќе ја протегнам Својата рака - говори Господ, на жителите на оваа земја, 13зашто од најмалиот до најголемиот сите лакомат за плен, од пророкот до свештеникот сите се измамници. 14И лесно ја лечат раната на Мојот народ, викајќи: ‘Мир! Мир!’ Но нема мир. 15Нека се засрамат што направија гнасост, но тие веќе не знаат што е срам, не умеат веќе да црвенеат. И затоа ќе испаѓаат со оние што паѓаат, ќе се срушат кога ќе почнам да казнувам - зборува Господ.
16Господ зборува вака: „Застанете на патишта, распрашајте се за некогашните патеки: Кој пат води кон доброто? Тргнете по него и ќе најдете спокојство за своите души! Но тие рекоа: ‘Не одиме!’ 17И им поставија стражари: ‘Внимавајте на гласот на рогот!’ Но тие рекоа: ‘Не ќе внимаваме!’
18Затоа чујте, народи, и вие пастири на нивните стада! 19Чуј, земјо! Ете, доведувам зло на овој народ, плод на нивната побуна, зашто тие не ги слушаа Моите зборови, го отфрлија Мојот Закон. 20Зошто Ми е темјанот што доаѓа од Сава, и мирислива трска од далечна земја? Вашите паленици не Ми се мили, не Ми се по волја вашите жртви.“ 21Затоа Господ зборува вака: „Еве, Му поставувам на овој народ пречки на кои ќе се сопнат, татковците и децата заедно, соседот ќе загине заедно со пријателот.“
22Господ зборува вака: „Еве доаѓа народ од северна земја, голем народ се крева од краиштата на земјата: 23во рацете им се лак и копје, жестоки се, немилосрдни; вревата им бучи како море, јаваат на коњи, како еден подготвени за бој против тебе, Сионска Ќерко.“
24Кога ја чувме веста, рацете ни се истоштија, страв нѐ опфати, болка како родилка. 25Не излегувајте во полињата, не одете по патиштата, зашто непријателските мечеви се закануваат, ужас сѐ наоколу.
26Ќерко на Мојот народ, препаши се со вреќиште, посипи се со пепел, тагувај како за единец со тажачка горчина. Зашто ќе дојде одненадеж врз нас запустувачот.
27„Те поставив за испитувач на Мојотнарод, за да ги сознаеш и испиташ неговите патишта. 28Сите тие се најлоши одметници, наоколу клеветат, тврди како бронза и железо, сите се расипани. 29Дувалото изгоре за да го голтне огнот оловото, напразно леачот се труди да го растопи: згурата не се дава да биде излачена. 30‘Отфрлено сребро,’ така ги викаат, зашто Господ ги отфрли!

Селектирано:

ЕРЕМИЈА 6: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се