ЈОВАН 10
10
Добриот Пастир
1„Вистина, вистина ви велам, кој не влегува низ вратата во овчарникот, а прескокнува од друга страна, тој е крадец и разбојник. 2А кој влегува низ вратата пастир е на овците. 3Нему врата-рот му отвора, а овците го слушаат неговиот глас, и ги вика своите овци по име и ги изведува. 4Кога ќе ги истера своите овци, оди пред нив и овците одат по него, зашто го познаваат неговиот глас. 5По туѓинец никако не одат, туку ќе побегнат од него, зашто не го познаваат гласот на туѓинците.“ 6Исус им ја кажа оваа споредба, но тие не разбраа што беше тоа за кое им зборуваше. 7Исус им рече пак: „Вистина, вистина ви велам: Јас Сум вратата на овците. 8Сите, кои дојдоа пред Мене, се крадци и разбојници; но овците не ги послу-шаа. 9Јас Сум вратата; кој ќе влезе низ Мене, ќе биде спасен, ќе влегува и ќе излегува и ќе најде паси-ште. 10Крадецот влегува само да украде, да заколе и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат изобилно.“ 11“Јас Сум Добриот Пастир. Добриот пастир го дава својот живот за овците. 12Наемникот, кој не е овчар, кому овците не му припаѓаат, го гледа волкот како доаѓа, ги остава овците и бега; а волкот ги разграбува и ги распрснува; 13зашто е наемник и не се грижи за овците. 14Јас Сум Добриот Пастир: и ги познавам Моите и Моите Ме познаваат Мене. 15Како што Татко Ми Ме познава Мене, и Јас Го познавам Мојот Татко; и Јас го давам Мојот живот за овците. 16И други овци имам, што не се од овој овчарник; и нив треба да ги доведам, па ќе го слушаат Мојот глас и ќе биде едно стадо и еден Пастир. 17Таткото Ме љуби затоа, што Јас го давам Својот живот, за да го земам пак. 18Никој не Ми го одзема, туку Јас го давам Сам од Себе. Имам власт да го дадам, и имам власт да го земам пак. Оваа заповед ја примив од Мојот Татко.“ 19Заради тие зборови пак настана раздор меѓу Јудејците. 20Мнозина од нив велеа: „Опфатен е од демон и безумствува, зошто Го слушате?“ 21Други велеа: „Тоа не се зборови на опфатен од демон. Може ли демон да отвора очи на слепци?“
Единство на Таткото и Синот
22Тогаш во Ерусалим се празнуваше Посветување; беше зима. 23А Исус одеше по Соломоновиот трем на Храмот. 24Тогаш Јудеј-ците Го опкружија и Му рекоа: „До кога ќе ни ја измачуваш душата? Ако си Ти Христос, кажи ни слободно!“ 25Исус им одговори: „Ви реков, и не верувате. Делата што Јас ги правам - во името на Мојот Татко - сведочат за Мене. 26Но, вие не верувате, зашто не сте од Моите овци. 27Моите овци го слушаат Мојот глас, и Јас ги познавам, и тие идат по Мене. 28Јас им давам вечен живот и никако нема да загинат и никој нема да ги грабне од Мојата рака. 29Мојот Татко - Кој ми ги даде - е поголем од сите, и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Татко. 30Јас и Татко Ми едно сме.“
31Јудејците пак донесоа камења, за да Го убијат со камења. 32Исус им одговори: „Ви покажав многу добри дела од Мојот Татко; за кое од тие дела фрлате камења на Мене?“ 33Јудејците Му одговорија: „Не Те каменуваме заради добро дело, туку заради богохулство - зашто Ти, бидејќи човек, се пра-виш Бог.“ 34Исус им одговори: „Не е ли напишано во вашиот Закон: ‘Јас реков: богови сте?’ 35Ако ги наречува богови оние, на кои им беше упатено Божјото Слово - а Писмото не може да биде нару-шено - 36зошто вие Му велите дека хули на Бога Оној, Кого Таткото Го посвети и Го испрати во светот, - зашто реков: ‘Јас Сум Божји Син?’ 37Ако не ги правам делата на Мојот Татко, не верувајте Ми. 38А ако ги вршам, верувајте им на делата, ако Мене не Ми верувате, за да сознаете и познаете дека Таткото е во Мене и Јас во Него!“ 39Тогаш сакаа пак да Го фатат, но им избега од рацете.
40И пак отиде преку Јордан, каде што Јован крштаваше отпрвин, и остана таму. 41И мнозина дојдоа при Него и рекоа: „Јован не напра-ви ниедно чудо, но сѐ што рече Јован за Него, беше вистина.“ 42И таму мнозина поверуваа во Него.
Селектирано:
ЈОВАН 10: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.