Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 13

13
Исус им мие нозе на учениците. Исус го покажува предавникот
1Пред празникот Пасха, Исус - знаејќи дека Му дојде часот за да премине од овој свет кон Таткото - љубејќи ги Своите во светов, ги возљуби до крај. 2За време на вечерата - кога ѓаволот веќе стави мисла во срцето на Јуда Симонов, Искариотски, за да Го предаде - 3Исус, знаејки дека Тат-кото Му предаде сѐ во рацете, дека излезе од Бога и дека оди при Бога 4стана од вечерата, ја соблече горната облека, зеде крпа и се пре-паша. 5Потоа налеа вода во садот за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата, со која беше препашан. 6Така дојде до Симона Петра; а овој Му рече: „Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?“ 7Исус одго-вори и Му рече: „Ти сега не знаеш што правам Јас, но после ќе разбереш.“ 8Петар Му рече: „Ти никогаш нема да ми ги измиеш нозете!“ Исус му одговори: „Ако не те измијам, немаш дел со Мене.“ 9Симон Петар Му рече: „Господи, измиј ми ги не само нозете, туку и рацете и главата.“ 10Исус му рече: „На измиениот треба да му се измијат само нозете, зашто е целиот чист; и вие сте чисти, но не сите.“ 11Зашто знаеше кој ќе Го предаде, затоа и рече: „Не сите сте чисти!“
12А кога им ги изми нозете, ја зеде својата горна облека и пак седна на трпезата и им рече: „Разбравте ли, што ви сторив? 13Вие Ме викате Мене Учител и Господ, и право велите, зашто тоа Сум. 14И така, ако Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, и вие сте должни да ги миете нозете еден на друг; 15зашто ви дадов пример и вие да правите онака, како што ви направив Јас. 16Вистина, вистина ви велам: слугата не е поголем од својот господар, ниту пратеникот е поголем од оној, кој го пратил. 17Кога го знаете ова, блажени сте - ако го исполнувате тоа. 18Не збо-рувам за сите вас; Јас знам кои ги избрав; туку треба да се исполни Писмото: ‘Кој го јаде Мојот леб, ја подига својата петица против Мене.’ 19Отсега ви зборувам, пред да се збидне, за да поверувате - кога ќе се случи - дека Сум Јас. 20Вистина, вистина ви велам: кој го прима оној, кого Јас го праќам, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној, Кој Ме пратил Мене.“
21Штом го рече тоа, Исус се возбуди во духот, па посведочи и рече: „Вистина, вистина ви велам: дека еден од вас ќе Ме предаде.“ 22Тогаш учениците се погледнаа еден со друг со двоумење за кого зборува. 23А еден од Неговите ученици, кого Исус го љубеше, беше прилегнал на Исусовите гради; 24тогаш Симон Петар му даде знак и му рече: „Кажи, за кого зборува!“ 25Така, тој се потпре на Исусовите гради и му рече: „Гос-поди, кој е?“ 26Исус одговори: „Тоа е оној, кому ќе му натопам залак, и ќе му го подадам.“ И го натопи залакот, го зеде и му го даде на Јуда Симонов Искариот. 27И отка-ко го зеде залакот, сатаната влезе во него. Исус пак му рече: „Што правиш, прави побргу!“ 28Но никој од оние, што седеа покрај трпезата, не разбра, зошто му го рече тоа. 29Но, бидејќи кај Јуда беше благајната, некои помислија дека Исус му рече: „Купи што ни е потребно за празникот!“ или да раздаде нешто на сиромасите. 30Штом го зеде залакот, Јуда излезе веднаш, а беше ноќ.
31А кога излезе, Исус рече: „Сега се прослави Човечкиот Син, и Бог се прослави во Него. 32Ако Бог се прослави во Него, и Бог ќе Го прослави во Себе, и веднаш ќе Го прослави. 33Дечиња, уште малку сум со вас; ќе Ме барате, и како што им реков на Јудејците: каде одам Јас, вие не можете да дојдете, и вам ви го велам тоа сега. 34Ви давам нова заповед: да се љубите еден со друг; како што Јас ве љубев вас, така и вие да се љубите еден со друг. 35По тоа сите ќе познаат дека сте Мои ученици - ако имате љубов помеѓу себе!“
36Симон Петар Му рече: „Господи, каде одиш?“ Исус му одговори: „Каде одам Јас, ти сега не можеш да тргнеш по Мене, но подоцна ќе Ме следиш.“ 37Петар Му рече: „Господи, зошто не можам да дојдам по Тебе сега? Својот живот ќе го дадам за Тебе.“ 38Исус одговори: „Својот живот ли ќе го дадеш за Мене? Вистина, вистина ти велам, петел нема да пропее, додека трипати не се одречеш од Мене.“

Селектирано:

ЈОВАН 13: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се