Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 15:9-17

ЈОВАН 15:9-17 MKB

Како што Таткото Ме возљуби Мене, така и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов! Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата љубов. Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, и вашата радост да биде полна. Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве љубев вас. Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели. Вие сте Ми пријатели - ако го вршите она, што Јас го заповедам. Не ве наречувам веќе слуги; зашто слугата не знае што прави неговиот господар; а вас ве нареков пријатели, зашто ви соопштив сѐ што чув од Мојот Татко. Вие не Ме избравте Мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и вашиот плод да остане; и Мојот Татко да ви даде сѐ што ќе посакате во Мое име. Ова ви заповедам: да се љубите еден со друг!“