Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 20

20
Воскресение
1Во првиот ден на седмицата, многу рано додека уште беше темнина, Марија Магдалена дојде на гробот и виде дека каме-нот од гробот е поместен. 2Тогаш отрча и дојде при Симона Петра и при другиот ученик, кого Исус го љубеше, и им рече: „Го дигнале Господа од гробот и не знаеме каде Го положиле.“ 3А Петар и другиот ученик излегоа и одеа кон гробот. 4Имено, и двајцата трчаа заедно; но другиот ученик трчаше побргу од Петра и стигна прв до гробот. 5Тој се наведна и виде ленени повои, како лежат, но не влезе внатре. 6По него стигна Симон Петар, па влезе во гробот и ги виде повоите, како лежат; 7а крпата, што беше на Неговата глава, не беше заедно со повоите, туку беше свиткана одделно, на едно место. 8Тогаш влезе и другиот ученик - кој стигна прв до гробот - и виде и поверува. 9Зашто уште не го беа разбрале Писмото, дека Тој треба да воскресне од мртвите. 10Тогаш учениците пак се вратија дома. 11А Марија стоеше надвор, при гробот и плачеше; така, додека плачеше, погледна во гробот 12и виде два ангела, како седат во бели облеки, таму каде лежеше Исусо-вото тело, едниот кај главата, а другиот при нозете. 13Тие ѝ рекоа: „Жено, зошто плачеш?“ Им рече: „Го дигнале мојот Господ и не знам каде Го положиле?“ 14Откако го рече тоа, се обѕрна и Го виде Исуса, како стои; но не знаеше дека е Исус. 15Исус ѝ рече: „Жено, зошто плачеш? Кого Го бараш?“ Мислејќи дека е градинарот, таа Му рече: „Господине, ако Го изнесе ти, кажи ми каде Го поло-жи, и јас ќе Го земам!“ 16Исус ѝ рече: „Марија!“ Таа се заврти и Му рече: „Равуни!“- што значи: „Учи-теле!“ 17Исус ѝ рече: „Не допирај Ме, зашто уште не отидов горе при Мојот Татко. Туку оди при Моите браќа и речи им: ‘Се враќам при Мојот Татко и вашиот Татко, при Мојот Бог и вашиот Бог.’ 18Марија Магдалена дојде и им јави на учениците, дека Го видела Господа и дека тоа ѝ рекол.
Исусово јавување на учениците. Неверен Тома
19А вечерта, на истиот прв ден на седмицата, додека вратата, каде беа собрани учениците, беше затворена поради страв од Јудеј-ците, Исус дојде, застана насреде и им рече: „Мир вам!“ 20Откако го рече тоа им ги покажа рацете и ребрата. И учениците се зарадуваа, кога Го видоа Господа. 21Тогаш Исус пак им рече: „Мир вам! Како што Ме прати Таткото и Јас ве праќам!“ 22Кога им го кажа ова, дувна во нив и им рече: „Примете Свети Дух! 23На кои ќе им ги простите гревовите - простени им се; на кои ќе им ги задржите - задржани им се!“
24А Тома, наречен Близнак, еден од Дванаесетте, не беше со нив, кога дојде Исус. 25Затоа другите ученици му рекоа: „Го видовме Господа!“ А тој им рече: „Додека не ги видам раните од клинците на Неговите раце и не го ставам мојот прст во раните од клинците и не ја ставам мојата рака во Неговите ребра, нема да поверувам.“ 26А по осум дни, Неговите ученици пак беа внатре, и Тома со нив. Додека вратата беше затворена, Исус дојде, застана на средина и им рече: „Мир вам!“ 27Потоа му рече на Тома: „Испружи го твојот прст ваму и види ги Моите раце; и испружи ја твојата рака, и стави ја во Моите ребра; и не биди неверен - туку верен!“ 28Тома одговори и Му рече: „Мој Господ и мој Бог!“ 29Исус му рече: „Поверува, зашто Ме виде. Блажени се кои не виделе, а поверувале.“ 30И многу други чуда направи Исус пред учениците, кои не се запишани во книгава; 31а овие се запишани, за да верувате дека Исус е Христос, Божји Син, и верувајќи да имате живот во Негово име.

Селектирано:

ЈОВАН 20: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се