Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 23

23
2. Трет Јовов одговор на Елифаз
а. Јов жеднее по живиот Бог
1Јов проговори и рече: 2„Уште и сега е горчливо моето слово: моите страдања се потешки од моите воздишки. 3О, кога би знаел како да Го најдам, како да стигнам до Неговиот престол, 4пред Него би го изложил своето дело, од мојата уста би излегле доказите. 5Би сакал да знам што би ми одговорил и да го разберам словото што би ми го рекол! 6Зар Му треба голема сила за препирката? Не, достатно би било Тој да ме сослуша. 7Би видел праведен во противникот, и тогаш би се ослободил засекогаш од Судијата. 8Ако тргнам кон исток, не можам да Го најдам; ако тргнам кон запад, не Го согледувам. 9Барам на север, но не Го забележувам; невидлив е ако се завртам на југ. 10Па сепак, Тој добро го знае патот по кој чекорам! Нека ме испита: ќе излезам чист како злато! 11Мојата нога се држеше до Неговите стапки, одев по Неговиот пат не застранувајќи. 12Не отстапувајте од заповедите на Неговите усни, ги чував словата на Неговата уста повеќе отколку секојдневната храна. 13Но ако посака нешто, кој ќе Го одврати? Што и да посака со душата, тоа ќе го исполни. 14Ќе го изврши тоа што ми го определи мене, како и сѐ друго што одлучил! 15Заради тоа, јас сум исплашен пред Него, и колку повеќе мислам, стравот ме фаќа посилно. 16Бог ми го раслаби срцето, Сѐдржителот ме исплаши, 17иако не пропаднав ни во темнините, ниту во мракот што моето лице го покри.“

Селектирано:

ЈОВ 23: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се