Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 3

3
ЈОВОВА ПРЕПИРКА СО ПРИЈАТЕЛИ
3:1-22
А. Јовова тага
1. Тој го проколнува денот на своето раѓање
1Потоа Јов ја отвори својата уста и го проколна својот ден; 2ја почна својата беседа и рече: 3„О, да загинеше денот во кој се родив и ноќта што соопшти: „Се зачна машко!“ 4Тој ден нека стане црна темнина! Бог од висините да не си спомнува за него, сончевата светлина да не го осветлува повеќе! 5Мракот и смртната сенка да се отимаат за него, густата темнина да го покрие сосем, дневните смрачувања да го морат со страв! 6О, темнината да го присвои сиот, нека не им се додава на деновите на годината, нека не влегува во броењето на месеците! 7А онаа ноќ да биде жалосна довека, да не се чуе радосно воскликнување во неа! 8Да ја проколнат оние, што го проколнуваат денот и што се способни да го разбудат Левијатанот! 9Да се помрачат ѕвездите на нејзиното разденување, напразно таа да ѝ се надева на виделината, и да не ги гледа никогаш веѓите на зората! 10Зашто не ми ја затвори вратата од утробата, да ја скрие маката од моите очи!
2. „Зошто не сум мртов од мајчиното крило?“ - прашува Јов
11Зошто не сум мртов од мајчиното крило, зошто не издивнав излегувајќи од утробата? 12Зошто ме прифатија двете колена и двете гради, за да ме надојат? 13Во вечен мир би почивал сега, би спиел, својот покој би го уживал. 14Заедно со цареви и со советниците на земјата, кои си изградија гробници за себеси, 15или со кнезовите, богати со злато, што ги наполнија своите куќи со сребро. 16Не ќе постоев - ќе бев како закопано недоносче, како новороденче што не ја виде светлината. 17Беззакониците не беснеат веќе таму, уморените наоѓаат починка таму. 18Таму ги оставаат на мир заробениците: не го слушаат веќе гласот на стражарот. 19Малиот лежи таму заедно со големиот, робот е слободен од својот господар.
3. Тежина во душа
20Зошто да му се подари видело на несреќникот и живот на луѓето со загорчена душа, 21кои ја бараат смртта, а таа не доаѓа и копаат по неа како по богатство? 22Тие ќе се радуваат и ќе воскликнуваат од среќа кога би го нашле својот гроб. 23Зошто му е тоа на човекот, чиј пат е скриен, кого Бог го заградил од сите страни. 24Затоа гледајќи храна, треба да воздивнам, моите крици се разлеваат како вода. 25Се обистини моето стравување, еве, ме снајде она од што се боев. 26Ни покој ни мир нема веќе за мене, во моите маки никогаш немам починка.“

Селектирано:

ЈОВ 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се