ИСУС НАВИН 2
2
3. Два согледувачи во Ерихон
а. Рава ги засолнува извидниците
1Исус, синот Навинов, испрати потајно од Ситим двајца согледувачи со налог: „Одите, извидете го подрачјето, особено Ерихон.“ Тие отидоа и стигнаа во куќата на блудницата, која се викаше Рава, и преноќеваа таму. 2Тоа му беше соопштено на ерихонскиот цар: „Еве, стигнаа ноќеска ваму некои луѓе од Израелевите синови за да ја извидат земјата.“ 3Тогаш ерихонскиот цар ѝ порача на Рава: „Изведи ги луѓето, кои дојдоа кај тебе, кои влегоа во твојот дом, зашто дојдоа да ја согледуваат оваа земја.“ 4Ама жената ги зеде оние двајца луѓе, ги скри и рече: „Вистина, тие луѓе дојдоа кај мене, ама јас не знаев од каде се. 5Кога во примрак беа затворувани градските врати, тие си отидоа, и јас не знам каде тргнаа. Побрзајте по нив, зашто уште можете да ги стигнете.“ 6А таа ги беше извела на покривот и ги скрила под нетриениот лен, што го имаше распрострено таму. 7И луѓето поитаа во потера по нив, кон Јордан, сѐ до бродот преку реката; а кога потерата излезе, градската врата се затвори зад нив.
б. Согледувачите ѝ ветуваат на Рава да ги запазат во живот: неа и сите во нејзиниот дом
8Додека тие горе уште не беа заспани, Рава се качи кај нив на покривот 9и им рече: „Знам дека Господ ви ја даде оваа земја, зашто сите нас нѐ фати страв од вас, и сите жители на овој крај се плашат од вас. 10Зашто чувме како Господ го исуши Црвеното Море пред вас, кога излеговте од Египет, и за она што им направивте на двата аморејски цара од другата страна на Јордан, на Сион и Ог, што ги погубивте. 11Кога го чувме сѐ тоа, ни застана срцето, и никој да собере сила за да ви се спротиви, зашто Господ, вашиот Бог - Тој е Бог горе на небесата и долу на земјата. 12Заколнете ми се, имено, во Господа дека и вие ќе му направите милост на домот на мојот татко, како што и јас ви направив милост вам, и дајте ми веродостоен знак 13дека ќе ги оставите во живот мојот татко и мојата мајка, моите браќа и моите сестри, и сѐ нивно, и дека ќе нѐ избавите од смртта.“ 14Луѓето ѝ одговорија: „Со своите животи емчиме за вас, само ако не нѐ предадете. Кога Господ ќе ни ја даде земјата, ќе ти искажеме милост и верност.“
в. Надворешен знак: црвена врвца
15Потоа Рава ги спушти по јаже низ прозорецот, зашто куќата ѝ беше покрај градскиот ѕид, и таа живееше до ѕидот. 16Уште им рече: „Тргнете кон гората, за да не ве најде потерата, и кријте се таму три дена додека не се вратат потерците, а тогаш одете си по својот пат.“ 17Луѓето ѝ одговорија: „Еве, вака ќе бидеме слободни од твојата заклетва со која нѐ заколна: 18кога ќе влеземе во земјата, послужи се со овој знак: врзи ја оваа црвена врвца за прозорецот, низ кој нѐ спушташ, и собери ги при себе, во куќата, својот татко и својата мајка, и своите браќа, и сите свои роднини. 19Секој од вас кој ќе стапи надвор, преку прагот на твојата куќа, неговата крв на негова глава: вината не ќе биде на нас - сам е виновник за својата смрт; а кој ќе остане со тебе во куќата, неговата крв нека падне на нашите глави - ние ќе бидеме виновни ако некој го допре со рака. 20Ако пак ја предадеш оваа наша работа, ќе бидеме слободни од заклетвата со која што нѐ заколна.“ 21А таа одговори: „Нека биде како што рековте!“ Тогаш ги пушти, и тие си отидоа, а таа ја заврза за прозорецот црвената врвца.
г. Враќање на согледувачите
22Тие отидоа и дојдоа на гората, и останаа таму три дни додека не се врати потерата; потерата ги бараше по сите патишта, но не ги најде никаде. 23Тогаш се вратија и двајцата согледувачи: слегоа од гората, преминаа преку реката и дојдоа кај Исуса, синот Навинов, па го известија за сѐ што им се збидна. 24И му рекоа на Исуса: „Господ ни ја предаде целата таа покраина во раце; сите нејзини жители ги опфати страв пред нас.“
Селектирано:
ИСУС НАВИН 2: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: