Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСУС НАВИН 3

3
В. Премин преку Јордан
1. Последни подготовки
1Исус подрани и со сите Израелеви синови тргна од Ситим. И стигнаа до Јордан па таму, пред преминувањето, преноќија. 2По три дни старешините поминаа низ логорот и му заповедаа на народот: 3“Штом ќе ги видите Ковчегот на Заветот на Господа, вашиот Бог, и свештениците левити кои го носат, тргнете сите од своето место и појдете по нив. 4Така ќе го знаете патот по кој треба да одите, зашто по тој пат уште никогаш не сте оделе. Ама меѓу вас и Ковчегот нека има растојание од две илјади лакти. И да не му се приближите.“ 5А Исус му нареди на народот: „Посветете се за утре, зашто утре Господ ќе направи чуда меѓу вас.“ 6А на свештениците Исус им заповеда: „Кренете го Ковчегот на Заветот и носете го пред народот.“ И го кренаа Ковчегот на Заветот и го понесоа пред народот.
2. Божјо ветување
7Господ му рече на Исуса: „Денес почнувам да те возвишувам пред очите на сиот Израел, нека знаат дека сум со тебе, како што бев со Мојсеја. 8Ти пак заповеди им на свештениците, кои го носат Ковчегот на Заветот: ‘Кога ќе стигнете до јорданските води, застанете во самиот Јордан.’“ 9Тогаш Исус им рече на Израелците: „Пристапете и чујте ги зборовите на Господа, својот Бог.“ 10И Исус рече: „По ова ќе сознаете дека е меѓу вас живиот Бог: Тој ќе ги гони пред вас Ханаанците, Хетејците, Евејците, Ферезејците, Гергесејците, Аморејците и Евусејците. 11Еве, Ковчегот на Заветот на Господарот на целата земја ќе тргне пред вас преку Јордан. 12Изберете веднаш дванаесет луѓе од Израелевите племиња, по еден од секое племе. 13Штом стапалата на свештениците, кои го носат Ковчегот на Заветот, на Господарот на целата земја, ќе стапат во Јордан, водата на Јордан ќе се раздели, и онаа што тече одозгора ќе застане како насип.“
3. Почеток на преминот: водите на Јордан се раздвојуваат
14Кога народот тргна од своите шатори за да премине преку Јордан, свештениците го понесоа Ковчегот на Заветот пред нив. 15А кога носителите на Ковчегот стигнаа до Јордан и кога свештениците, кои го носеа Ковчегот, загазија во водата на брегот - а беше време на жетва кога Јордан се прелева преку своите брегови - 16водата што течеше одозгора далеку, како насип, застана кај градот Адам, што се наоѓа покрај Заретан; а водата што истечуваше долу во Арабјанското или Соленото Море сосем истече, и народот поминуваше спроти Ерихон. 17Свештениците, кои го носеа Ковчегот на Господовиот Завет, стоеја на суво среде Јордан, и Израел поминуваше по суво, сѐ додека сиот народ не помина преку реката.

Селектирано:

ИСУС НАВИН 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се