Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛЕВИТ 24

24
Закони за обреди
1Господ му рече на Мојсеја: 2„Нареди им на Израелевите синови, да ти донесат: чисто масло од истолчени маслинки за светлина, за да гори светилникот непрекратно. 3Арон нека го подготвува секогаш пред Господа, од вечер до утро, во Шаторот на средбата, пред завесата на Сведоштвото. Ова е вечен закон за вашите поколенија. 4Арон нека ги одржува непрекратно светилките на чист светилник пред Господа.“ 5„Потоа земи чисто пченично брашно и од него испечи дванаесет погачи. Во секоја погача нека има две десетини ефа. 6Потоа нареди ги во два реда - по шест во ред - на чистиот стол што е пред Господа. 7На секој ред стави чист темјан. Тоа нека биде на лебот за спомен - принос на Господа. 8Во секоја сабота, постојано, нека бидат положувани пред Господа од Израелевите синови: тоа е вечен Завет. 9Нека им припаднат на Арона и на неговите синови, кои ќе ги јадат на свето место; зашто тоа е пресвето за нив од Господовите жртви: тоа е вечна одредба.“
Смртна казна за хула
10А синот на една Израелка, роден од татко Египетец, излезе меѓу Израелците и зафати во логорот, караница со еден Израелец. 11И синот на Израелката го похули името Господово и го проколна. Тогаш го доведоа при Мојсеја. Името на мајка му беше Саломита, Давриина ќерка, од Дановото племе. 12Го ставија под стража, додека не им се открие Господовата волја. 13И Господ му рече на Мојсеја: 14„Изведи го хулителот надвор од логорот. А сите кои го слушнаа нека ги положат своите раце на неговата глава. Тогаш целото општество нека го каменува. 15Потоа ќе им прозбориш на Израелците вака: ‘Кој ќе Го проколне својот Бог, ќе го понесе својот грев; 16кој ќе изговори хула против Господовото име, нека биде погубен - целата заедница нека го погуби со камења; било да е туѓинец или домородец, ако Го похули Господовото име, треба да умре. 17Кој ќе убие кој и да е друг човек, треба да ѝ биде предаден на смртта. 18Кој ќе усмрти животно, треба да го надомести: животно за животно. 19Кој ќе го повреди својот ближен, нека му биде направено како што сторил тој: 20скршено за скршено, око за око, заб за заб: каква повреда му направил на човекот, така да му се направи и нему. 21Кој ќе усмрти животно, треба да го надомести; но кој ќе убие човек, треба да умре. 22Судот нека ви биде еднаков и за придојденикот и за домородецот, зашто Јас Сум Господ, ваш Бог.’“ 23Откако Мојсеј им го изложи тоа на Израелевите синови, го изведоа хулителот надвор од логорот и го засипаа со камења. И Израелците направија како што Господ му заповеда на Мојсеја.

Селектирано:

ЛЕВИТ 24: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се