Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛЕВИТ 25

25
Закони за јубилејната година
Саботна година
1Господ му рече на Мојсеја на Синајската Гора: 2„Зборувај им на Израелците и кажи им: ‘Кога ќе влезете во земјата што ви ја давам, таа земја нека ја пази Господовата саботна починка. 3Шест години сеј ја твојата нива, шест години режи го твоето лозје и бери го неговиот плод. 4А на седмата година и земјата нека ја ужива саботната починка, Господовата сабота: не засевај ги твоите ниви, ниту режи го твоето лозје. 5Што ќе порасне само од себе на твојата нива, не жнеј го; ниту го бери грозјето од нережана лозница. Тоа нека ѝ биде на земјата година на почивање. 6Земјината починка ќе ве снабди со исхрана: за тебе, за твојот слуга, за твојата слугинка, за твојот наемник и за придојденецот кој живее со тебе; 7а и за твојот добиток и за ѕверовите во твојата земја - нејзините плодови нека служат за храна.’
8‘Изброј седум седмици такви години, седумпати по седум години. Седум години седмици ќе ти изнесуваат четириесет и девет години. 9Тогаш засвири во трубата - во седмиот месец, на десеттиот ден на месецот, на Денот на Очистувањето; затрубите во труба ширум низ сета ваша земја. 10Таа педесетта година прогласете ја за света! Прогласете низ земјата ослободување на сите нејзини жители. Тоа нека ви биде прославна, проштавачка, година: секој нека се врати во својата татковина; секој нека се врати во својот род! 11Таа педесетгодишница нека ви биде јубилејна година: не сејте, не жнијте што ќе порасте само од себеси, ниту берете од нережана лоза. 12Зашто прославата треба да биде света. Хранете се со она што ќе донесе нивата од себе. 13‘Во јубилејната година секој нека се врати во своето наследство. 14Затоа, кога му продавате имот на свој сонародник или кога купувате од свој сонародник, не му нанесувајте штета на својот брат! 15Купувај од својот ближен, откако ќе го одбиеш бројот на годините на прославата; а тој нека ти продава според бројот на годините на плодособирањето. 16Колку повеќе години, зголеми ја цената; колку помалку години, и цената нека биде помала. Зашто, она што тој ти продава е број на едногодишни полски приходи. 17Нека никој од вас не му нанесува штета на својот сонародник; туку бој се од твојот Бог! Зашто Јас Сум Господ, ваш Бог!’
18‘Исполнувајте ги Моите закони и Моите наредби; спроведувајте ги верно на дело па ќе живеете безопасно на земјата. 19Земјата ќе го дава својот род, ќе јадете до наситка и ќе живеете спокојно. 20Ако речете: „Со што ќе се храниме во седмата година, кога не ќе сееме, ниту ќе собираме плодови?“ 21Јас ќе го испратам Мојот благослов на вас: шестата година ќе роди за три години. 22Кога ќе сеете во осмата година, ќе се храните со стари плодови до деветтата година. Додека не дојдат нејзините плодови, ќе јадете стари. 23Земјата не смее да биде продадена за секогаш, зашто земјата Ми припаѓа Мене, додека вие сте само странци и гости кај Мене. 24Затоа во секој крај каде што имате земјишна сопственост, треба да дозволите откупување на земјата.’
25‘Ако твојот брат осиромаши и ако продава од својата татковина, нека дојде неговиот најблизок роднина и нека го откупи она што го продава неговиот брат. 26Ако нема некого да ја откупи, а после и самиот стане имотен и спечали средства за да ја откупи, 27нека ги изброи годините од продавањето, нека му исплати на купувачот износ за другото време и нека се врати на своето наследство. 28Ако нема средства за да ја откупи, тогаш продаденото нека остане во рацете на купувачот до јубилејната година. А кога ќе стапи во јубилејот, нека се врати на својата таткова земја.’
29‘Ако некој продаде куќа за живеење во град, заграден со ѕид, може да ја откупи додека не се наполни година по продавањето; и така, откупниот рок нека е една година. 30Ако не ја откупи во рок од една година, тогаш куќата, во градот заграден со ѕид, им останува за секогаш на купувачот и на неговите потомци; нека не се враќа ни при прославата. 31Но куќите по селата, што немаат ѕидови околу себе, нека се сметаат како недвижен имот во полето; можат да бидат откупувани. Во јубилејот купувачот треба да излезе од нив. 32Куќите што се во левитските градови им припаѓаат на левитите; левитите можат да ги откупуваат во секое време. 33Ако некој левит не се послужи со своето право за откуп, тогаш куќата што ќе биде продадена, во градот на неговата сопственост, ќе му биде вратена во прославата. Зашто кај Израелците куќите во градовите на левитите се нивна сопственост. 34Неизградената земја околу нивните градови не може да биде продадена, зашто таа е нивна сопственост за сите времиња.’
35‘Ако твојот брат осиромаши и е без средства при тебе; помагај го, како да е странец или гостин, за да може да живее со тебе! 36Не земај од него ни камата ни печалба. Бој се од својот Бог, и твојот брат нека живее со тебе. 37Не давај му сребро на заем со камата, ниту му ја давај твојата храна за печалба. 38Јас, Господ, вашиот Бог, ве избавив од Египетската Земја за да ви ја дадам Ханаанската Земја и за да бидам ваш Бог.’
Откуп на робови
39‘Ако осиромаши твојот брат, кај тебе, и ако ти се продаде, не присилувај го да ти служи како роб. 40Нека биде кај тебе како наемник или надничар. 40 Нека служи кај тебе до јубилејната година. 41Тогаш ослободи го да си отиде од кај тебе; самиот и неговите деца со него; нека се врати во својот род и пак нека ја земе својата дедовина. 42Затоа што тие се Мои слуги, кои Јас ги изведов од Египетската Земја; не смеат да бидат продавани како робови. 43Не постапувај грубо со нив и бој се од твојот Бог! 44А ако сакаш да имаш робови и робинки, можете да ги купите, и машки и женски, од народите што се околу вас. 45Можете да ги купувате и од придојдениците, кои се населени меѓу вас; од нивните семејства што живеат со вас и што се родени во вашата земја. Таквите можат да станат ваша сопственост. 46Нив можете да им ги предавате во наследство на вашите деца, за да ги наследат за секогаш во сопственост. Кон нив можете да постапувате како кон робови. Но кон своите браќа, Израелевите синови, никој не смее да господари со жестокост.’
47‘Ако туѓинецот или придојденикот, кој живее со тебе, се збогати, а твојот брат осиромаши кај него, па ако му се продаде на странецот, кој живее со тебе, или на кој и да е потомок на семејството на придојденикот; 48тој може да биде откупен и по продавањето. Нека го откупи некој од неговите браќа; 49или, нека го откупи неговиот стрико, неговиот роднина или кој и да е од неговото семејство од неговата крв. Или, ако има средства нека се откупи сам. 50Нека го пресмета времето, со својот купувач, од годината кога му се продал до јубилејната година. Цената на неговото ослободување нека биде според бројот на годините. Времето што го поминал кај својот купувач нека се процени како време на еден наемник. 51Ако остануваат уште многу години, нека исплати за својот откуп сребро, сразмерно на цената со која бил купен. 52А ако остануваат само неколку години до јубилејната година, нека пресмета и нека исплати за својот откуп според годините на службата. 53Нека биде при него како наемник, во сите години. Тој не смее да господари над него со жестокост, пред твоите очи. 54Ако не биде откупен вака; тогаш, тој и неговите деца, со него, нека си отидат во јубилејната година; 55зашто Израелевите синови се Мои слуги; тие се Мои слуги, кои Јас ги изведов од Египетската Земја. Јас Сум Господ, ваш Бог.’

Селектирано:

ЛЕВИТ 25: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се