ЛУКА 11
11
Поука за молитва
1А кога се молеше на едно место и кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: „Господи, научи нѐ да се молиме, како што и Јован ги научи своите ученици!“ 2А Тој им рече: „Кога се молите - говорите: „Татко наш, Кој си на небесата, да се свети Твоето име! Да дојде Твоето Царство! Да биде Твојата волја како на небото, така и на земјата! 3Нашиот насушен леб, давај ни го секој ден! 4Прости ни ги нашите гревови, зашто и ние самите му ги проштаваме на секој должник! И не нѐ воведувај во искушение, но избави не од злото!“
5И им рече: „Ако некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ, и му рече: „Пријателе, дај ми на заем три леба, 6зашто ми дојде пријател од пат, а немам што да ставам пред него!“ 7А оној одвнатре да му одговори: ‘Не ме обеспокојувај, вратата е веќе затворена, а моите деца се со мене во постелата, не можам да станам и да ти дадам,’ 8ви велам, ако и не би станал да му даде, затоа што му е пријател, ќе стане заради неговото настојување и ќе му даде, колку што му треба. 9И Јас ви велам: „Молете, и ќе ви се даде! Барајте, и ќе најдете! Чукајте, и ќе ви се отвори! 10Зашто секој, кој моли - прима; и кој бара - наоѓа; а на оној, кој чука - ќе му се отвори. 11И кој е оној татко, меѓу вас, кој ќе му даде на сина си камен - ако побара леб? Или, ако побара риба, да му даде место риба - змија? 12Или ако побара јајце - да му даде скорпија? 13И така, ако вие, кои сте зли, можете да им давате добри дарови на своите деца, колку повеќе небесниот Татко ќе им даде Свети Дух на оние, кои Го молат?“
Исус и Велзевул. Јонин знак
14И еднаш истеруваше лош дух, кој беше нем. А кога нечистиот дух излезе, немиот проговори, а множеството се зачуди. 15А некои од нив рекоа: „Тој ги изгонува нечистите духови со помош на Велзевул, началникот на бесовите. 16Другите пак го искушуваа и бараа од Него знак од небото. 17А Тој ги знаеше нивните мисли и им рече: „Секое царство, ако се раздели во себеси, ќе запусти, и домот против дом - паѓа. 18И ако сатаната се разделил против себеси, како ќе се одржи неговото царство? Зашто вие велите дека ги изгонувам демоните со помош на Велзевула, 19И ако Јас, пак, ги изгонувам демоните преку Вел-зевула, со чија помош ги изгонуваат вашите синови? Затоа тие ќе ви бидат судии. 20Но ако Јас ги изгонувам нечистите духови со Божјиот прст, значи дека Божјото Царство дошло при вас. 21Кога силниот, вооружен човек, го чува својот двор, неговиот имот е во сигурност. 22Но кога ќе дојде посилен од него и го совлада, му го одзема оружјето, на кое се надевал, и ќе го раздели ограбеното од него. 23Кој не е со Мене, тој е против Мене и кој не собира со Мене, тој растура! 24Кога нечист дух ќе излезе од човекот, тој скита по безводни места и бара спокојство. И кога не ќе го најде, вели: ‘Ќе се вратам во својот дом, од каде излегов.’ 25И кога ќе дојде, го наоѓа изметен и среден. 26Тогаш оди и зема седум други демони, полоши од себе, па кога ќе влезат - живеат таму и последната состојба на оној човек станува полоша од првата.“ 27А кога го зборуваше тоа, една жена од множеството извика: „Блажена е утробата, која Те носела; и градите од кои си се хранел.“ 28А Тој рече: „Уште по-веќе се блажени оние, кои го слушаат Божјото слово и го пазат.“
29А кога народот се собираше, почна да зборува: „Ова поколение е лошо поколение; бара знак, но нема да му биде даден, освен знакот на Јона. 30Имено, како што Јона им беше знак на Ниневијците, така и Човечкиот Син ќе биде за овој род. 31Царицата на Југот ќе се јави на суд со луѓето од ова поколение и ќе го осуди; зашто дојде од крајот на земјата, за да ја чуе Соломоновата мудрост. А ете, тука е поголем од Соломона! 32Ниневијците ќе се јават на суд со овој род и ќе го осудат, зашто се покајаа од Јонината проповед, а ете, тука е поголем од Јона! 33Никој не става запалено светило во сокриено место или под вршник, туку на светилник, за да ја видат светлината оние, кои влегуваат. 34Светило на телото е твоето око. Ако твоето око е бистро - целото твое тело е осветлено; ако пак е зло, во мрак е и твоето тело. 35Затоа внимавај светлината што е во тебе - да не биде темнина! 36Ако целото твое тело е осветлено, без да има темен дел, тоа ќе биде целото осветлено, како кога светилката те осветлува со своето светење.“
37И додека Тој зборуваше, еден фарисеј Го помоли да руча кај него; Тој влезе и седна. 38А штом фарисејот го виде тоа, се зачуди зашто Тој не се изми пред јадење. 39А Господ му рече: „Да, вие фарисеите ја чистите надворешноста на чашата и чинијата, а вашата внатрешност е полна со грабеж и лукавство. 40Неразумници! Зар Оној Кој ја создаде надворешноста, не ја создаде и внатрешноста? 41Туку, дајте го како милостина тоа што е внатре, и ете, сѐ ќе ви биде чисто. 42Но, горко ви вам, фарисеи, кои давате десеток од нане и од горчлива трева, и од секаков зеленчук, а ги занемарувате праведноста и Божјата љубов! Ова требаше да го правите, а она, да не го оставате. 43Горко ви вам, фарисеи, зашто ги сакате првите седишта во синагогите и поздравите по пазарите. 44Горко ви вам, зашто сте како гробови, што не се забележуваат, така што луѓето кои одат преку нив, не знаат.“
45Тогаш еден законоучител Му одговори и рече: „Учителе, кога го зборуваш тоа, и нас нѐ навредуваш.“ 46Тој пак им рече: „Горко ви вам - законици, зашто ги натоварувате луѓето со бремиња, што тешко се носат, а вие самите ни со еден прст не се допирате до бремињата. 47Горко ви вам, зашто им градите надгробни споменици на пророците, а вашите татковци ги убија! 48И така вие сведочите за делата на своите татковци и се согласувате со нив; зашто тие и ги убија, а вие им градите гробници. 49Затоа и Божјата мудрост рече: „Ќе им испратам пророци и апо-столи и ќе убијат едни од нив, а други ќе гонат, 50за да се побара од ова поколение крвта на сите пророци пролеана од создавањето на светот: 51од крвта на Авела до крвта на Захарија, кој загина меѓу жртвеникот и светилиштето. Да, ви велам, ќе се бара од ова поколение. 52Горко ви вам, законици, зашто го зедовте клучот од знае-њето - сами не влеговте, а им попречивте на оние, кои сакаа да влезат.“ 53А кога излезе оттаму, книжниците и фарисеите почнаа силно да се гневат на Него и да Го испитуваат за многу нешта, 54дебнејќи Го за да уловат нешто од Неговата уста.
Селектирано:
ЛУКА 11: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: