ЛУКА 15
15
Приказна за изгубената овца
1Сите цариници и грешници се приближуваа при Него, за да Го слушаат. 2А фарисеите и книжниците пак негодуваа, велејќи: „Овој прима грешници и јаде со нив.“ 3Тогаш им ја кажа оваа парабола: 4“Кој од вас, ако има сто овци, и загуби една од нив, не ќе ги остави деведесет и деветте во пустината и не ќе отиде по загубената, додека не ја најде. 5А кога ќе ја најде, ќе ја крене, радувајќи се, на своите рамена 6и кога ќе дојде дома ќе ги повика пријателите и соседите и ќе им рече: ‘Радувајте се со мене, зашто ја најдов својата изгубена овца!’ 7Ви велам: така ќе биде на небото, поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници, кои немаат потреба од каење.“
Приказна за изгубената драхма
8“Или која жена, ако има десет драхми и изгуби една драхма, нема да запали светилка, и не ја мете куќата, и не ја бара внимателно, додека не ја најде? 9А кога ќе ја најде, ќе ги повика пријателките и сосетките и ќе им рече: ‘Радувајте се со мене, зашто ја најдов драхмата, што ја изгубив!’ 10Така, ви велам, се радуваат Божјите ан-гели, заради еден грешник, кој се кае.“
Приказна за блудниот син
11И рече: „Некој човек имаше два сина. 12И помладиот од нив му рече на татка си: ‘Татко, дај ми го делот од имотот, што ми припаѓа!’ И тој им го раздели имотот. 13А по неколку дена помладиот син собра сѐ свое и отиде во далечна земја и таму го потроши својот имот, живеејќи развратно. 14Кога потро-ши сѐ, настана голема глад во онаа земја, и тој се најде во скудност. 15И отиде и се прилепи при еден човек на онаа земја, тој го испрати на своите полиња, за да ги пасе свињите. 16И сакаше да го наполни својот желудник со лушпи, што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. 17А кога дојде на себеси, рече: ‘Колку наемници при татка ми имаат леб во изобилство, а јас умирам од глад тука! 18Ќе станам и ќе отидам при татка си, и ќе му речам: ‘Татко, згрешив против небото и пред тебе; 19не сум веќе достоен да се наречувам твој син. Прими ме како еден од своите наемници!’ 20И стана и тргна кон татка си. И кога беше уште далеку, неговиот татко го виде и му се сожали, па се растрча, и му се фрли на вратот и го целиваше. 21А синот му рече: ‘Татко, зрешив против небото и пред тебе; не сум веќе достоен да се наречувам твој син!’ 22Но таткото им рече на своите слуги: ‘Бргу, донесете ја најубавата облека, и облечете го и ставете му прстен на раката, и обувки на нозете. 23Дотерајте го згоеното теле и заколете го, да јадеме и да се веселиме, 24зашто овој мој син беше мртов и оживе, беше изгубен - и се најде.’ И почнаа да се веселат. 25А неговиот постар син беше во полето. Кога пак доаѓаше и ѝ се приближи на куќата, чу песна и играње; 26па повика еден од слугите и го праша што е тоа. 27А тој му рече: ‘Брат ти си дојде и твојот татко го закла згоеното теле, зашто го прими здрав.’ 28Тој се налути и не сакаше да влезе; а неговиот татко излезе и почна да го моли. 29А тој му одговори на татка си: ‘Еве, ти служам толку години и никогаш не прекршив ниедна твоја заповед, а ти никогаш не ми даде ни јаре, за да се повеселам со своите пријатели. 30А кога дојде овој твој син, кој го растури твојот имот со блудници, му закла згоено теле!’ 31Тој пак му рече: ‘Чедо, ти си секогаш со мене, и сѐ што е мое - е твое; 32но требаше да се веселиме и да се радуваме, зашто овој твој брат беше мртов и оживе; беше изгубен и се најде.’“
Селектирано:
ЛУКА 15: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.