Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛУКА 22:7-19

ЛУКА 22:7-19 MKB

И дојде денот на бесквасните лебови, кога требаше да се заколе пасхалното јагне. И ги испрати Петра и Јована, велејќи: „Одете и пригответе ни да ја јадеме Пасха-та!“ А тие Му рекоа: „Каде сакаш да ја приготвиме?“ А Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете во градот, ќе ве сретне човек, кој носи врчва со вода; одете по него во куќата во која ќе влезе и речете му на домаќинот: ‘Учителот прашува, каде е собата, во која ќе ја јадам Пасхата со Своите ученици?’ И тој ќе ви покаже голема горна одаја послана, таму пригответе!“ А тие отидоа и најдоа како што им рече и ја приготвија Пасхата. А кога дојде часот, седна Тој крај трпезата и апостолите со Него, и им рече: „Многу сакав да ја јадам со вас оваа Пасха, пред да пострадам, зашто ви велам: нема веќе да ја јадам додека не се исполни во Божјото Царство.“ И ја зеде чашата, заблагодари и рече: „Земете ја и поделете ја меѓу себе, зашто ви велам дека нема да пијам од лозовиот плод - додека не дојде Божјото Царство!“ Потоа зеде леб, заблагодари и го рас-крши и им го раздаде, велејќи: „Ова е Моето тело, кое се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!“