Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 22:7-19

Лука 22:7-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Дојде денот на празникот Бесквасни лебови, кога за пасхалната вечера се колеа јагниња. Исус ги испрати Петар и Јован со следниве упатства: „Одете и подгответе ја за нас пасхалната вечера.“ А тие Го прашаа, каде сака да ја подготват вечерата? Тој им одговори: „Кога ќе влезете во Ерусалим, ќе сретнете еден човек како носи стомна со вода. Следете го до куќата во која тој ќе влезе, и кажете му на сопственикот на куќата: ,Учителот прашува каде е собата во која Тој со Своите ученици ќе ја прослави пасхалната вечера?‘ Тој ќе ви покаже веќе наместена голема соба, на горниот кат; тука подгответе ја вечерата.“ Тие отидоа и навистина најдоа сe како што им беше рекол Исус и ја приготвија пасхалната вечера. Кога дојде времето, Исус седна на трпезата со Своите апостоли, и им рече: “Имав голема желба да ја јадам со вас оваа празнична вечера, пред да почнат Моите страдања; зашто, еве, ви кажувам, дека повеќе нема да ја прославувам пасхалната вечера, сe додека во целост не се исполни нејзиното значење во Божјото царство!“ Потоа Исус ја крена чашата, Му заблагодари на Бог и им рече на Своите апостоли: „Земете го ова вино и поделете го меѓу себе. А, еве, ви кажувам дека по ова Јас повеќе нема да пијам вино сe додека не се воспостави Божјото царство.“ Потоа Исус зеде леб, Му заблагодари на Бог, го раскрши на парчиња и им го раздели, велејќи им: „Ова го претставува Моето тело, кое се дава за вас. Правете го ова како спомен на Мене.“

Лука 22:7-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Дојде денот Бесквасници, кога тре­баше да се заколе пасхалното јагне; па ги испрати Исус Петар и Јован и им рече: „Одете и пригответе ни пас­ха, за да јадеме!“ А тие Му рекоа: „Каде сакаш да приготвиме?“ Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете в град, ќе ве сретне човек со стомна вода; одете по него во куќата, каде што ќе влезе, и кажете му на домаќинот од ку­ќа­та: ‚Учителот ти вели: каде е собата, во која треба да јадам пасха со учениците Свои?‘ И тој ќе ви покаже голема одаја, послана; таму пригответе.“ Кога отидоа, најдоа како што им бе­ше рекол и ја приготвија пасхата. А кога дојде времето, Тој седна на трпезата заедно со апостолите. И им рече: „Од сѐ срце сакав да ја јадам оваа пасхална вечера со вас, пред да пострадам; зашто, ви велам: нема веќе да јадам од неа, додека не се исполни во царството Божјо.“ Тогаш ја зеде чашата, заблагодари и рече: „Земете и разделете ја меѓу се­бе, зашто отсега нема повеќе да пијам од лозовиот плод, додека не дојде цар­ството Божјо.“ Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: „Ова е Мо­е­то тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!“

Лука 22:7-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И дојде денот на бесквасните лебови, кога требаше да се заколе пасхалното јагне. И ги испрати Петра и Јована, велејќи: „Одете и пригответе ни да ја јадеме Пасха-та!“ А тие Му рекоа: „Каде сакаш да ја приготвиме?“ А Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете во градот, ќе ве сретне човек, кој носи врчва со вода; одете по него во куќата во која ќе влезе и речете му на домаќинот: ‘Учителот прашува, каде е собата, во која ќе ја јадам Пасхата со Своите ученици?’ И тој ќе ви покаже голема горна одаја послана, таму пригответе!“ А тие отидоа и најдоа како што им рече и ја приготвија Пасхата. А кога дојде часот, седна Тој крај трпезата и апостолите со Него, и им рече: „Многу сакав да ја јадам со вас оваа Пасха, пред да пострадам, зашто ви велам: нема веќе да ја јадам додека не се исполни во Божјото Царство.“ И ја зеде чашата, заблагодари и рече: „Земете ја и поделете ја меѓу себе, зашто ви велам дека нема да пијам од лозовиот плод - додека не дојде Божјото Царство!“ Потоа зеде леб, заблагодари и го рас-крши и им го раздаде, велејќи: „Ова е Моето тело, кое се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!“