ЛУКА 22
22
Јудино предавство
1А наближуваше празникот на бесквасните лебови, кој се вика Пасха. 2Свештеничките главатари и книжниците размислуваа како да Го убијат; но се плашеа од народот. 3Тогаш сатаната влезе во Јуда, кој се викаше Искариот-ски, еден од бројот на Дванаесет-мината. 4Тој отиде и се договори со свештеничките главатари и со заповедниците како да им Го пре-даде. 5И тие се зарадуваа и му ветија да му дадат сребреници. 6И тој се согласи и бараше згодна прилика за да им Го предаде, кога таму не ќе биде народот.
Последна вечера
7И дојде денот на бесквасните лебови, кога требаше да се заколе пасхалното јагне. 8И ги испрати Петра и Јована, велејќи: „Одете и пригответе ни да ја јадеме Пасха-та!“ 9А тие Му рекоа: „Каде сакаш да ја приготвиме?“ 10А Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете во градот, ќе ве сретне човек, кој носи врчва со вода; одете по него во куќата во која ќе влезе 11и речете му на домаќинот: ‘Учителот прашува, каде е собата, во која ќе ја јадам Пасхата со Своите ученици?’ 12И тој ќе ви покаже голема горна одаја послана, таму пригответе!“ 13А тие отидоа и најдоа како што им рече и ја приготвија Пасхата.
14А кога дојде часот, седна Тој крај трпезата и апостолите со Него, 15и им рече: „Многу сакав да ја јадам со вас оваа Пасха, пред да пострадам, 16зашто ви велам: нема веќе да ја јадам додека не се исполни во Божјото Царство.“ 17И ја зеде чашата, заблагодари и рече: „Земете ја и поделете ја меѓу себе, 18зашто ви велам дека нема да пијам од лозовиот плод - додека не дојде Божјото Царство!“ 19Потоа зеде леб, заблагодари и го рас-крши и им го раздаде, велејќи: „Ова е Моето тело, кое се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!“ 20А исто така, ја зеде и чашата - по вечерата - и рече: „Оваа чаша е Новиот Завет во Мојата крв, која се пролева за вас. 21Но, ете, раката на оној, кој Ме предава е со Мене, на трпезава. 22Зашто Човечкиот Син оди, како што е определено, но горко му на оној човек, кој ќе Го предаде!“ 23И почнаа да се прашуваат помеѓу себе: кој ли ќе е од нив оној, кој ќе го направи тоа.
24А настана и препирка меѓу нив за тоа кој е од нив поголем. 25А Тој им рече: „Царевите на народите владеат над нив, а оние, кои управуваат над нив се викаат добротвори. 26А вие, немојте така! Но, поголемиот меѓу вас да биде како најмалиот, а старешината како служителот. 27Зашто, кој е поголем - оној, кој прилегнал по-крај трпезата или оној, кој слугува? Зар не е оној, кој прилегнал покрај трпезата? А Јас Сум меѓу вас како служител. 28Вие сте оние, кои истрајувате со Мене во Моите искушенија. 29И Јас ви го определувам Царството, како што Мојот Татко Ми го определи Мене, 30за да јадете и да пиете на Мојата трпеза, во Моето Царство, и да седите на престоли и да им судите на дванаесетте Израелеви племиња.“
31“И рече Господ: Симоне, Симоне, ете, сатаната побара да ве просее како пченица, 32но Јас се молев за тебе, за да не се намали твојата вера. 33 А ти, кога еднаш ќе се обратиш, зацврсти ги своите браќа!“ 33А тој Му одговори: „Гос-поди, готов сум да одам со Тебе и во темница и во смрт.“ 34А Тој рече: „Ти велам, Петре, денес не ќе пропее петел, додека трипати не се одречеш дека Ме познаваш!“ 35Уште им рече: „Кога ве пратив без ќесе и без торба и обувки, дали ви недостасуваше нешто?“ А тие рекоа: „Ништо!“ 36И им рече: „Но сега, кој има ќесе, нека го земе; исто така и торба; а кој нема нека ја продаде својата наметка и нека си купи меч; 37зашто ви велам, дека треба да се изврши на Мене што е напишано: „И Го вброија меѓу злочинци!“ Имено, она што е пишано за Мене - се исполнува.“ 38А тие Му рекоа: „Господи, еве тука има два меча!“ А Тој им рече: „Доста е!“
Исусова молитва на Маслиновата Гора
39И излезе и отиде, според обичајот, на Маслиновата Гора; а учениците одеа по Него. 40И кога дојде на местото, им рече: „Молете се, за да не паднете во искушение.“ 41И Тој се оддели од нив, колку што може да се фрли камен, и клекна на колена и се молеше, 42велејќи: „Татко! Ако сакаш, отстрани ја оваа чаша од Мене! Но нека не биде Мојата, туку Твојата волја!“ 43И Му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше. 44И кога се најде во борба, се молеше уште поусрдно; а потта Му стана како капки крв, што паѓаа на земјата. 45И кога стана од молитвата, дојде при учениците и ги најде заспани од тага; 46и им рече: „Зошто спиете! Станете и молете се, за да не паднете во искушение!“
47Додека уште зборуваше, ете, едно множество, пред кого одеше еден од Дванаесетмината, кој се викаше Јуда, и Му се приближи на Исуса да Го целива. 48Но Исус му рече: „Јудо, со целив ли Го предаваш Човечкиот Син!“ 49А кога оние, кои беа со Него, видоа што ќе стане, рекоа: „Господи, да удриме ли со меч?“ 50И еден од нив, го удри слугата на прво-свештеникот и му го отсече десното уво. 51А Исус одговори и рече: „Оставете Го тоа!“ И се допре до увото и го излечи. 52Тогаш Исус им рече на оние, кои се кренаа против Него - на свештеничките гла-ватари, на началниците на Храмот и на старешините: „Излеговте како на разбојник со мечеви и стапови! 53Кога бев, секој ден со вас во Храмот, не кренавте рака на Мене. Но, ова е ваш час и власт на темнината!“
Петрово одречување. Исус пред Синедрионот
54А кога Го фатија, Го одведоа и Го воведоа во домот на прво-свештеникот. Петар одеше по Него оддалеку. 55Кога пак запалија оган среде дворот и седнаа наоколу, и Петар седеше меѓу нив. 56И кога една слугинка го виде како седи до огнот, се загледа во него и рече: „И овој беше со Него!“ 57Но тој одрече, велејќи: „Жено, не Го познавам!“ 58И малку потоа, го виде некој друг и рече: „И ти си од нив!“ А Петар рече: „Човеку, не сум!“ 59И кога помина околу еден час време, еден друг потврдуваше: „Навистина, и овој беше со Него, зашто е Галилеец!“ 60А Петар рече: „Човеку, не знам што зборуваш!“ И веднаш - додека уште зборуваше - петел запеа. 61Тогаш Господ се заврти и го погледна Петра; и Петар се сети на Господовите зборови, што му ги рече: „Пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене!“ 62И Петар штом излезе надвор заплака горко.
63А мажите, кои го држеа Исуса, Му се потсмеваа и Го биеја; 64па, кога Го покрија, Го удираа по образите и Го прашуваа: „Проречи кој Те удри?“ 65И многу други хули рекоа против Него.
66А кога се раздени, се собраа на-родните старешини, свештени-чките главатари и книжниците, и Го воведоа во Синедрионот 67и Му рекоа: „Ако си Ти Христос, кажи ни!“ А Тој им рече: „Ако ви кажам, нема да поверувате. 68Ако ве прашам, нема да одговорите. 69Но отсега Човечкиот Син ќе седи од-десно на Божјата Сила.“ 70Тие сите рекоа: „Значи, Ти си Божји Син?“ Тој пак им рече: „Вие велите дека Сум Јас.“ 71А тие рекоа: „Зошто ни е потребно уште сведоштво. Самите чувме од Неговата уста.“
Селектирано:
ЛУКА 22: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: