ЛУКА 23
23
Исус пред Пилата
1Тогаш целото нивно множество стана и Го одведе при Пилата. 2И почнаа да Го обвинуваат, велејќи: „Го најдовме Овој, како го буни нашиот народ и забранува да се дава данок на ќесарот, а за Себе вели дека е Христос Цар.“ 3А Пилат Го запра-ша, велејќи: „Ти ли си Јудејски Цар?“ А Тој во одговор му рече: „Ти велиш.“ 4Тогаш Пилат им рече на свештеничките главатари и на народот: „Не наоѓам никаква вина на Овој Човек.“ 5Но тие уште поупорно велеа: „Тој го буни народот, зашто поучува по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја па дотука.“
Исус пред Ирода Антипа
6А кога Пилат го чу тоа, праша дали е Тој Човек Галилеец. 7И кога научи дека е од Иродовата област, Го испрати при Ирода, кој во тие денови - исто така - беше во Ерусалим. 8А кога Ирод Го виде Исуса, се зарадува многу, дека одамна имаше желба да Го види; зашто беше слушал за Него и се надеваше дека ќе види некое чудо направено од Него. 9И Му поставуваше многу прашања, но Тој не му одговори ништо. 10А свештени-чките главатари и книжниците стоеја и Го обвинуваа постојано. 11Тогаш Ирод, со своите војници, Го презре и Му се наруга; Го облече во сјајна облека и Го испрати назад при Пилата. 12Во истиот ден Пилат и Ирод се спријателија, зашто порано беа непријатели.
Осудување на Исуса
13А Пилат ги свика свештеничките главатари, началниците и народот, и им рече: 14“Ми Го доведовте Овој Човек како Тој да го бунтува народот; а, еве, јас Го испитав пред вас и не најдов во Овој Човек никаква вина, за која Го обвинувате. 15А ни Ирод, зашто Го прати назад при нас. И Овој не направил ништо, што заслужува смрт. 16Затоа, ќе Го казнам и ќе Го ослободам.“ 17А требаше да им ослободи еден затвореник на празникот. 18Но тие сите извикаа едногласно: „Земи Го Овој, а пушти ни го Варава!“ 19Кој беше фрлен во темница, заради некаква буна во градот и заради убиство. 20А Пилат им се обрати пак, сакајќи да Го ослободи Исуса; 21но тие викаа, велејќи: „Распни Го! Распни!“ 22А тој им рече по третпат: „Та какво зло направил? Јас не најдов во Него ништо, што заслужува смрт. Затоа ќе Го ослободам, откако ќе Го казнам.“ 23Но тие навалуваа со голема викотница и бараа да биде распнат; а викањето на нив и на свеште-ничките главатари беше сѐ посилно. 24Тогаш Пилат одлучи да го исполни нивното барање. 25И им го пушти оној, кого го бараа, а кој беше фрлен во темница заради бунт и убиство; а Исуса им Го предаде на нивна волја.
Распнување
26И кога Го поведоа, го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од поле, па врз него го ставија крстот, за да го носи по Исуса. 27По Него одеше големо множество народ и жени, кои плачеа и ридаа за Него. 28Но Исус се заврти кон нив и им рече: „Ерусалимски ќерки, не плачете за Мене; туку плачете за себеси и за своите деца! 29Зашто, ете, доаѓаат денови кога ќе се рече: ‘Блажени се неродилките! И утробите што не родиле и градите што не доеле!’ 30Тогаш ќе почнат да им зборуваат на горите: ‘Паднете врз нас!’ и на ридиштата: ‘Покријте нѐ!’ 31За-што, ако се прави вака со зеленото дрво, што ќе биде со сувото. 32А водеа и други двајца разбојници, за да ги погубат со Него. 33И кога дојдоа на местото, наречено Голгота, таму Го распнаа Него; и зло-чинците - едниот оддесно, а другиот одлево. 34А Исус рече: „Татко, прости им, оти не знаат што прават!“ Кога го делеа Неговото облекло, фрлија жрепка. 35Народот стоеше и гледаше. А старешините се ругаа, велејќи: „Други спаси! Нека се спаси Самиот Себеси, ако е Тој Христос, Божји Избраник!“ 36Му се потсме-ваа и војниците, кои Му се приближуваа и Му даваа киселина; 37и велеа: „Ако си Јудејски Цар спаси се Самиот!“
38А над Него имаше натпис, напишан со грчки, латински и еврејски букви: „Овој е Јудејскиот Цар.“
39А еден од обесените разбојници Го хулеше: „Зар не си Ти Христос? Спаси се Себеси и нас!“ 40А другиот во одговор го укори: „Зар не се боиш од Бога, кога и ти си исто така осуден. 41И, ние сме праведно осудени, зашто го примаме заслуженото од тоа што сме сториле. Но, Овој не направил никакво зло.“ 42И рече: „Исусе, спомни си за мене, кога ќе дојдеш во Твоето Царство!“ 43А Тој му рече: „Вистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во рајот.“ 44А беше веќе околу шестиот час, кога настана темнина по целата земја до деветтиот час, 45при што сонцето ја изгуби својата светлина, а завесата во Храмот се расцепи на средина. 46Тогаш Исус извика со силен глас: „Татко, Го предавам Својот дух во Твои раце.“ И кога го рече - издивна. 47А кога стотникот виде што се случи, почна да Го слави Бога, велејќи: „Навистина, Овој човек беше праведен!“ 48И сиот народ, што се беше собрал да го гледа ова, кога виде што стана, се враќаше дома, удирајќи се по градите. 49А сите Негови познати стоеја подалеку, и жените, кои дошле по Него од Галилеја - го гледаа тоа.
Исусово погребение
50И ете, некој човек по име Јосиф, кој беше советник, добар и праведен човек, 51тој не се согласи со нивната одлука и со нивното дело - од јудејскиот град Ариматеја - кој го очекуваше Божјото Царство, 52отиде при Пилата и го побара Исусовото тело. 53И кога го симна, го обви во ленено платно и го положи во гроб, исечен во камен - во кој уште никој не беше положен. 54А беше ден на подготовката, и саботата настапуваше. 55По него одеа и жените, кои беа дошле со Исуса од Галилеја, и го видоа гробот и како беше положено Неговото тело. 56Потоа се вратија и приготвија мириси и миро; а во саботата, почиваа, според заповедта.
Селектирано:
ЛУКА 23: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: