ЛУКА 24
24
Воскресение
1А во првиот ден на седмицата, многу рано, жените дојдоа на гробот, носејќи ги мирисите, што ги приготвија. 2И го најдоа каменот одвален од гробот. 3И кога влегоа, не го најдоа телото на Господа Исуса. 4И додека стоеја збунети заради тоа, ете, пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки. 5Бидејќи беа уплашени ги наведнаа лицата кон земјата, а тие им рекоа: „Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? 6Тој не е тука! Воскресна! Спомнете си како ви зборуваше, додека уште беше во Галилеја; 7говорејќи: ‘дека Човечкиот Син треба да би-де предаден во рацете на греш-ниците и да биде распнат и да воскресне на третиот ден!’ 8И си ги спомнаа Неговите зборови. 9И кога се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на Единаесет-мината и на сите други. 10А тие беа: Марија Магдалена, и Јоана, и Марија Јакововата мајка, и други жени со нив; им го кажаа тоа на апостолите. 11А ним овие зборови им изгледаа како празна шега, и не им веруваа. 12А Петар стана и отрча до гробот се наведна и ги виде само ленените завои, и отиде назад, чудејќи се за она што се случило.
Исус им се јавува на два ученика
13И ете, во истиот ден, двајца од нив одеа во едно село, наречено Емаус, оддалечено шеесет стадии од Ерусалим, 14и разговараа меѓу себе за сите овие настани. 15И додека тие разговараа и се запра-шуваа, Сам Исус им се приближи и одеше со нив. 16Но на нивните очи не им беше дадено да Го препознаат. 17И им рече: „Какви се тие зборови што ги водите патем меѓу себе и зошто сте нажалени?“ 18И едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: „Дали си Ти единствениот странец во Ерусалим, Кој не знаеш, што се случило во него овие дни?“ 19И им рече: „Што?“ А тие Му рекоа: „Она што стана со Исуса Назареецот, Кој беше пророк силен на дело и во словото, пред Бога и пред целиот народ: 20како нашите свештенички глава-тари и старешини Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа, 21А ние се надевавме дека е Тој Оној, Кој ќе го избави Израел. И покрај сето тоа, веќе е трет ден откако стана ова. 22А нѐ збунија и некои жени од нашите, кои биле многу рано на гробот, 23и не го нашле Неговото тело; дојдоа и кажаа дека виделе и појава на ангели, кои им рекле дека Тој е жив. 24Некои од нашите отидоа до гробот и најдоа како што рекоа жените, но Него не Го виделе.“ 25И Тој им рече: „О неразумни и спори во срце, за да верувате во сѐ што рекле пророците! 26Не требаше ли Христос да го претрпи тоа, и да влезе во Својата Слава?“ 27И кога почна од Мојсеја и од сите пророци, им протолкува што е пишано за Него во целото Писмо. 28И кога се приближија до селото, во кое одеа, Тој се направи како да сака да оди натаму. 29Но, тие Го задржуваа, велејќи: „Остани со нас, зашто вечерта е близу, а денот веќе превали!“ И влезе да остане со нив. 30И додека беше прилегнат со нив покрај трпезата, зеде леб, благослови, го раскрши и им го даде. 31Тогаш им се отворија очите и Го препознаа; но Тој стана невидлив за нив. 32И си рекоа еден на друг: „Не гореше ли срцето во нас, кога ни зборуваше патем и ни ги толкуваше Писмата?“ 33И во истиот час станаа и се вратија во Ерусалим, каде ги најдоа собрани Единаесетмината, и тие кои беа со нив, 34кои зборуваа: „Господ навис-тина воскресна; му се јавил на Симона!“ 35А тие пак раскажаа што се случило патем и како Го препознаа при раскршувањето на лебот.
Исус им се јавува на апостолите.
Вознесение
36И додека тие уште зборуваа за тоа, Сам Исус застана меѓу нив и им рече: „Мир вам!“ 37А тие збунети и уплашени мислеа дека гледаат дух. 38А Тој им рече: „Зошто сте збунети? И зошто се јавуваат сомненија во вашите срца? 39Погледајте ги Моите раце и Моите нозе - Јас Сум Истиот! Допрете Ме и видете, зашто духот нема месо и коски, а како што гледате Јас имам.“ 40И кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете. 41А бидејќи тие од радост уште не веруваа, туку се чудеа, им рече: „Имате ли тука нешто за јадење?“ 42И Му дадоа парче печена риба и мед со саќе. 43Тој го зеде и јадеше пред нив.
44И им рече: „Тоа се зборовите што ви ги зборував додека уште бев со вас, дека треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Мојсеевиот Закон, во Пророците и во Псалмите.“
45Тогаш им го отвори умот, за да ги разберат Писмата, 46и им рече: „Така е напишано дека Христос треба да пострада и да воскресне од мртвите во третиот ден, 47и да биде проповедано во Негово име покајание и прошка на гревовите на сите народи - почнувајќи од Ерусалим. 48Вие сте сведоци на тоа; 49а еве, Јас ќе го испратам на вас ветувањето на Мојот Татко; а вие останете во градот, додека не се облечете во сила одозгора!“
50И ги изведе до Витанија; ги подигна Своите раце и ги благослови. 51И додека ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небо. 52А тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост. 53И беа постојано во Храмот фалејќи Го и благословувајќи Го Бога. Амин!
Селектирано:
ЛУКА 24: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: