Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛУКА 3

3
Проповед на Јована Крстител
1А во петнаесеттата година од владеењето на царот Тибериј, кога Понтие Пилат беше управител на Јудеја, и Ирод четворовласник на Галилеја, а неговиот брат Филип четворовласник на Итуреја и Трахонитида, а Лисание - четворовласник на Авилинија; 2при Ана и Кајафа, првосвештеници, Божјото слово дојде до Јована, синот Захариев, во пустината. 3И тој одеше по целата страна околу Јордан и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите, 4како што е напишано во книгата со зборовите на пророкот Исаија, кој вели: „Глас на еден, кој вика во пустината: ‘Пригответе пат за Господа, изра-мнете ги Неговите патеки! 5Нека се исполни секоја долина, и секоја гора и секое ритче нека се снизат; кривите ќе станат прави, а нерамните места нека бидат глатки! 6И секое тело ќе го види Божјото Спасение!’
7На множеството пак, кое доаѓаше да биде крстено од него, му велеше: „Змиини породи! Кој ве предупреди од гневот што иде? 8Донесете плодови достојни за покајание и не зборувајте сега во себеси: ‘Го имаме Авраама за татко!’ Зашто ви велам, дека Бог може и од овие камења да му издигне деца на Авраама. 9А и секирата веќе лежи при коренот на дрвјата. Затоа, секое дрво што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.“
10А народот го праша: „Тогаш, што да правиме?“ 11А тој им одговори и рече: „Кој има две облеки, нека му даде на оној кој нема; и кој има храна нека го прави истото!“ 12Дојдоа и цариниците да ги крсти и му рекоа: „Учителе, што да пра-виме ние?“ 13Тој им рече: „Не барајте ништо повеќе од она, што ви е определено!“ 14Го прашаа и војниците: „Што да правиме ние?“ И им рече: „Не измачувајте никого и не клеветете, и бидете задоволни со своите плати!“
15А бидејќи луѓето беа во недоумица и сите размислуваа во своите срца за Јована - да не е тој Хри-стос, 16Јован им одговори на сите: „Јас ве крштавам во вода; но иде посилен од мене, Кому јас не сум достоен да го одврзам ременот на Неговите обувки; Тој ќе ве крсти во Светиот Дух и оган. 17Во Неговата рака е лопатата, за да го очисти Своето гумно и за да ја собере пченицата во Својата житница; а плевата ќе ја изгори со неизгаслив оган.“
18И така му го проповедаше Евангелието на народот, напомнувајќи и многу други нешта. 19А четворовласникот Ирод, кого тој го укори заради Иродијада, сопругата на Филипа, брата му, и заради сите зли дела, што ги направил Ирод, 20кон сите нив го додаде уште ова: го затвори Јована во темница.
Исусово крштавање и родословие
21Кога се крсти сиот народ - се крсти и Исус и кога се молеше - небото се отвори, 22и Светиот Дух слезе на Него, во телесен облик, како гулаб, и се чу глас од небото: „Ти си Мојот возљубен Син, во Тебе е Мојата милина.“
23А Тој - Исус имаше околу триесет години, кога почна да проповеда и беше - како што мислеа - син Јосифов, Илиев, 24Мата-тов, Левиин, Мелхиев, Јанаев, Јо-сифов, 25Мататиев, Амосов, На-умов, Еслимов, Нангеев, 26Матов, Мататиев, Семеинов, Јосифов, Ју-дин, 27Јоананов, Рисаев, Зорова-велов, Салатилов, Нириев, 28Мел-хиев, Адиев, Косамов, Елмодамов, Иров, 29Јосиев, Елиезеров, Јори-мов, Мататов, Левиин, 30Симео-нов, Јудин, Јосифов, Јонанов, Елијакимов, 31Мелаев, Маинанов, Мататиев, Натанов, Давидов, 32Је-сеев, Овидов, Воозов, Салмонов, Насанов, 33Аминададов, Арамов, Есромов, Фаресов, Јудин, 34Јако-вов, Исаков, Авраамов Тарин, Нахоров, 35Серухов, Рагавов, Фа-леков, Еверов, Салин, 36Каинанов, Арфаксадов, Симов, Ноев, Ламе-хов, 37Матусалов, Енохов, Јаредов, Малелеилов, Каинанов, 38Еносов, Ситов, Адамов, Божји.

Селектирано:

ЛУКА 3: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се