ЛУКА 8
8
1Потоа, одеше по градовите и селата, проповедувајќи и навестувајќи го Божјото Царство. А со Него беа Дванаесетмината 2и некои жени, кои беа излечени од зли духови и болести: Марија, наречена Магдалена, од која беа излегле седум бесови; 3и Јоана сопруга на Иродовиот управител Хуза; Сусана и многу други, кои им служеа со своите имоти.
Параболи
4Откако се собра големо множество и кога луѓе од сите градови дојдоа при Него, им рече во парабола: 5“Излезе сејач да сее свое семе. И додека сееше - едно падна покрај патот, и го изгазија и небесните птици го исколваа. 6Друго пак падна на камен, изникна и се исуши, зашто немаше влага. 7Друго падна меѓу трње и трњето - растејќи со него - го задушија. 8А друго падна на добра земја, изникна и донесе стократен плод.“ Кога го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша нека слуша!“
9А Неговите ученици Го прашаа, што значи оваа парабола? 10Тој пак им рече: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на Божјото Цар-ство; а на другите им се даваат во параболи, така што: гледајќи да не гледаат и слушајќи да не разбираат. 11А ова парабола значи: семето е Божјото Слово. 12Оние крај патот - тие чуле; потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од нивните срца, за да не поверуваат и да не се спасат. 13На камен се тие, кои - штом чујат - со радост го примаат Словото, но ни тие немаат корен; веруваат некое време, но отпаѓаат во време на искушенија. 14Паднатото меѓу трње, тоа се оние, кои слушале и кога си отидат ги задушуваат грижите, богатството и животните уживања, и не донесуваат зрел плод. 15А она на добрата земја - тоа се оние, кои ќе го чујат Словото, го чуваат во добро и чисто срце и донесуваат плод во трпение.“
16“Никој - кој запалил светилка - не ја покрива со сад ниту ја става под леглото, туку ја става на светилник, за да ја видат светлината оние, кои влегуваат. 17Зашто нема ништо тајно, што не ќе стане јавно; ниту скриено, што не ќе се разбере и излезе на видело. 18И така, внимавајте како слушате! Зашто, кој има, ќе му се даде; кој нема, ќе му се одземе и она, што мисли дека го има.“
Вистински Христови роднини
19А мајка Му и браќа Му дојдоа при Него, но не можеа да Му се приближат заради множеството. 20И некој Му јави: „Мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Те видат.“ 21А Тој им одговори и рече: „Моја мајка и Мои браќа се оние, кои го слушаат Божјото Слово и го исполнуваат.“
Стивнување на бура - исцелување на бесен Гадаринец
22А еден ден, Тој влезе во кораб со Своите ученици и им рече: „Да минеме на другата страна на езерото!“ И отпловија. 23А Тој заспа додека пловеа. Тогаш над езерото се спушти бура и коработ се наполни со вода, и беа во опасност. 24И дојдоа и Го разбудија, велејќи: „Учителе, Учителе! Загинуваме!“ А Тој се разбуди, им запрети на ветерот и на брановите и се смирија, па настана тишина. 25А ним им рече: „Каде ви е верата?“ А тие, уплашени се чудеа и си рекоа еден на друг: „Кој е Овој што им заповеда на ветровите и на водата, и Му се покоруваат?“
26И допловија до Гадаринскиот крај, спроти Галилеја. 27А кога излезе на копно, Го сретна еден човек од градот, кој имаше зли духови, и долго време не носеше облека, ниту живееше во куќа, туку во гробовите. 28Кога Го виде Исуса, извика, падна пред Него и рече многу гласно: „Што сакаш од мене, Исусе, Сине на Сѐвишниот Бог? Те молам, не ме измачувај!“ 29Зашто му беше заповедал на нечистиот дух да излезе од човекот, кого го опфатил одамна, така што го врзуваа со вериги и го држеа во окови, и го чуваа, но тој ги раскинуваше оковите и бесот го гонеше во пустините. 30Исус го праша: „Како ти е името?“ Тој пак рече: „Легион“, зашто многу демони влегле во него. 31И Го замолија да не им наредува да одат во бездната. 32А таму по ридот, имаше големо стадо свињи, што пасеа. И демоните Го замолија да им дозволи да влезат во свињите, и им дозволи. 33И откако излегоа демоните од човекот, влегоа во свињите; и стадото се спушти низ стрмнината во езерото и се удави. 34А кога пастирите видоа што се случи, избегаа и јавија за тоа во градот и во селата. 35Луѓето пак излегоа да видат што се случи, па дојдоа при Исуса и го најдоа човекот, од кого излегоа нечи-стите духови, како седи до Исусо-вите нозе, облечен и умен, и се исплашија. 36А тие, кои го видоа тоа, им раскажаа како беше спасен бесниот. 37И целото множество од Гадаринската околина Го замоли да отиде од нив, зашто ги опфати голем страв, Тој пак влезе во коработ и се врати. 38А човекот, од кого излегоа демоните, Го молеше да остане со Него; но го отпушти, велејќи: 39“Врати се во својот дом и раскажувај што ти направи Бог!“ И си отиде разгласувајќи по целиот град што му направи Исус.
Воскресение на Јаировата ќерка.
Исцелување на жената со крвоте-чение
40А кога се врати Исус, народот Го прими, зашто сите Го чекаа. 41И ете, дојде човек, по име Јаир, кој беше настојник на синагогата, и падна пред Исусовите нозе и Го замоли да влезе во Неговата куќа, 42зашто имаше единствена ќерка, на околу дванаесет години, и таа беше на умирање. И кога одеше, народот се туркаше околу Него.
43А една жена, која страдаше дванаесет години од крвотечение и која го потроши сиот свој имот по лекарите, а ниеден не можеше да ја излечи, 44Му пристапи одзади и се допре до работ на Неговата наметка, и веднаш ѝ прекрати нејзиното крвотечение. 45А Исус рече: „Кој се допре до Мене?“ А кога сите одречуваа, Петар рече: „Учителе, многу народ Те турка и притиска.“ 46Исус пак рече: „Некој се допре до Мене, зашто почу-вствував дека сила излезе од Мене.“ 47А штом жената виде дека не може да се сокрие, пристапи треперејќи, падна пред Него и кажа пред сиот народ, зошто се допрела до Него и како оздравела веднаш. 48А Тој ѝ рече: „Ќерко, твојата вера те спаси; оди си со мир!“
49Додека Тој уште зборуваше, дојде некој од куќата на настој-никот и рече: „Ќерка ти умре, не измачувај Го повеќе Учителот!“ 50Штом Исус чу, му рече: „Не бој се! Само верувај и ќе биде спасена.“ 51А кога дојде во куќата, не му дозволи никому да влезе со Него, освен на Петра, Јована и Јакова, и на таткото и мајката на девојчето. 52Сите плачеа и тажеа по неа. Тој пак им рече: „Не плачете, зашто не е умрена, туку спие!“ 53И Му се потсмевнуваа, зашто знаеја дека е умрена. 54А Тој ја фати нејзината рака и извика: „Дете, стани!“ 55И нејзе ѝ се врати духот, и стана веднаш, и Тој нареди да ѝ дадат да јаде. 56Нејзините родители се зачу-дија, а Тој им заповеда никому да не кажуваат за тоа што се случило.
Селектирано:
ЛУКА 8: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: