Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 11

11
1А кога Исус заврши заповедувајќи им на Своите дванаесет ученици, замина оттаму да поучува и да проповеда во нивните градови.
Пратеништво на Јована Крстител
2Кога Јован чу во темницата, за делата на Христос, испрати двајца од своите ученици, 3и Му рече: „Ти ли си Оној, Кој треба да дојде, или да очекуваме друг?“ 4Исус им одговори и рече: „Одете и јавете му на Јована што слушате и што гледате: 5слепите прогледуваат и хромите одат, лепрозните се очи-стуваат и глувите слушаат, мртви воскреснуваат и бедните го примаат Евангелието; 6и блажен е оној, кој не се соблазнува заради Мене.“ 7Кога тие си отидоа, Исус почна да му зборува на народот за Јована: „Што излеговте да видите во пустината? Трска ли што вете-рот ја лулее? 8Но што излеговте да видите? Човек ли облечен во меки облеки? Ете, тие кои носат меки облеки се во царските дворци. 9Туку зошто излеговте? Да видите ли пророк? Да, ви велам, и повеќе од пророк. 10Овој е оној, за кого е пишано: ‘Еве, го испраќам Мојот вестител пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.’ 11Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител; но, најмалиот во царството небесно е поголем од него. 12А од дните на Јована Крстител досега царството небесно трпи насилство и насилниците го земаат насила; 13зашто сите пророци и Законот пророкуваа до Јована; 14и ако сакате да примите, тој е Илија, кој треба да дојде. 15Кој има уши нека слуша!“
16“А со што да го споредам овој род? Личи на децата, кои седат по трговиштата и им викаат на другарите, 17велејќи: ‘Ви свиревме на свирол и не игравте, ви пеевме жални песни и не жалевте.’ 18За-што дојде Јован, кој ниту јаде, ниту пие, а тие велат: „Има демон!“ 19Дојде Синот Човечки, кој јаде и пие, па велат: „Еве, човек лаком и пијаница, пријател на цариници и на грешници! „И мудроста се оправда преку нејзините дела.“
Непокајани градови
20Тогаш почна да ги укорува градовите, во кои се случија нај-многу Негови чуда, зашто не се покајаа. 21“Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо! Зашто ако во Тир и Сидон се случија чудата, што се случија при вас, одамна би се покајале во вреќиште и пепел. 22Но, ви велам: полесно ќе им биде на Тир и Сидон во судниот ден, отколку вам. 23И ти, Капернауме, до небото ли ќе се воздигнеш? Ќе слезеш до пеколот. Зашто ако во Содом се случеа чудата, што се случија во тебе, ќе останеше до денешен ден. 24Но ви велам, на земјата Содомска ќе ѝ биде полесно на судниот ден, отколку тебе.“
Спасителот повикува
25Во тоа време, Исус одговори и рече: „Те фалам, Татко, Господи на небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си го открил на младенците. 26Да, Татко, зашто така беше угодно пред Тебе. 27Сѐ Ми е предадено од Мојот Татко, и никој не Го познава Синот, освен Таткото; ниту некој Го познава Таткото, освен Синот, и оној кому Синот сака да му открие.“ 28“Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор. 29Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете одмор на своите души; 30зашто Мојот јарем е пријатен и Моето бреме е лесно.“

Селектирано:

МАТЕЈ 11: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се