МАТЕЈ 15:21-28
МАТЕЈ 15:21-28 MKB
И откако излезе оттаму, Исус се повлече во краевите на Тир и Сидон. И ете, жена Хананејка, излезе од оние краишта и извика кон Него, велејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Мојата ќерка е лошо опседната од демон.“ Но Тој не ѝ одговори ни збор. И приближувајќи Му се, Неговите ученици Го молеа, велејќи: „Отпу-шти ја, зашто вика по нас.“ Но Тој одговори и рече: „Јас не Сум испратен, освен при загубените овци на домот Израелев.“ Таа дојде пак и Му се поклонуваше, велејќи: „Господи, помогни ми!“ А Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да им се земе лебот на децата и да им се фрли на кучињата.“ Но Таа рече: „Да, Господи, но дури и кучињата јадат од трош-ките, што паѓаат од трпезата на нивните господари.“ Тогаш Исус ѝ одговори и ѝ рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по твојата желба. И нејзината ќерка беше исцелена од оној час.

