Лого на апликацијата „Библија“
Икона за пребарување

Матеј 15:21-28 - Спореди ги сите верзии

Матеј 15:21-28 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

И кога излезе оттаму Исус, замина во земјата Тирска и Сидонска. И ете, една жена Хананејка, излезе од оние краишта, повика кон Него, ве­лејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко ја мачи демон.“ Но Тој не ѝ одговори ниту збор. И пристапувајќи до Него, учениците Не­гови Го молеа и велеа: „Отпушти ја, зашто вика по нас.“ А Тој одговори и рече: „Јас сум пратен само кај загубените овци на до­мот израелски.“ Но таа, кога пристапи, Му се поклони и велеше: „Господи, помогни ми!“ Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“ Но таа Му рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари.“ Тогаш Исус одговори и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти би­де по желбата твоја!“ И во тој час оз­драве ќерката нејзина.

Сподели
Матеј 15 MK2006

Матеј 15:21-28 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

Заминувајќи од Галилеја, Исус се повлече на север, во пределот на градовите Тир и Сидон. Една жена, Хананејка, која живееше таму, дојде кај Него и наеднаш извика: „Имај милост спрема мене, Господе, Сине Давидов! Ќерка ми ја измачуваат демонски духови!“ Но Исус воопшто не ђ одговори. Тогаш Му пријдоа Неговите ученици и Го молеа: „Исполни ђ ја молбата, да не вика по нас!“ Но Исус им одговори: „Јас Сум пратен само кај Израелскиот народ, кај Божјите загубени овци“ А жената Му пријде и паѓајќи ничкум пред Него, Му рече: „Господе, помогни ми!“ Но Исус ђ одговори: „Не е право да се одземе лебот од децата и да им се фрли на кучињата!“ Тогаш, таа одговори: „Така е, Господине; но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари!“ На ова, Исус ђ одговори: „Голема вера имаш ти, жено! Нека ти се исполни желбата!“ Во истиот миг нејзината ќерка беше исцелена.

Сподели
Матеј 15 MNT

Матеј 15:21-28 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

И откако излезе оттаму, Исус се повлече во краевите на Тир и Сидон. И ете, жена Хананејка, излезе од оние краишта и извика кон Него, велејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Мојата ќерка е лошо опседната од демон.“ Но Тој не ѝ одговори ни збор. И приближувајќи Му се, Неговите ученици Го молеа, велејќи: „Отпу-шти ја, зашто вика по нас.“ Но Тој одговори и рече: „Јас не Сум испратен, освен при загубените овци на домот Израелев.“ Таа дојде пак и Му се поклонуваше, велејќи: „Господи, помогни ми!“ А Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да им се земе лебот на децата и да им се фрли на кучињата.“ Но Таа рече: „Да, Господи, но дури и кучињата јадат од трош-ките, што паѓаат од трпезата на нивните господари.“ Тогаш Исус ѝ одговори и ѝ рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по твојата желба. И нејзината ќерка беше исцелена од оној час.

Сподели
Матеј 15 MKB