Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Maтеј 15

15
1Во тоа време од Ерусалим дојдоа кај Исус некои фарисеи и вероучители и Го запрашаа:
2„Зошто Твоите ученици не ги почитуваат нашите стари обичаи!? На пример, тие не го практикуваат ритуалното миење на рацете пред јадење!“
3А Исус им одговори: „А зошто вие, со вашите обичаи, ги кршите Божјите заповеди!?
4На пример, Бог заповедал вака: ,Почитувај ги мајка си и татка си. Кој ќе проколне татко или мајка да се казни со смрт!‘
5А вие велите: ,Доволно е само некој да рече дека имотот што го има му го посветува на Бога,
6и со тоа се ослободува од обврската да ги издржува своите родители!‘ На тој начин, со своите преданија вие ја укинавте Божјата заповед!
7Лицемери! Имаше право Бог кога преку пророкот Исаија за вас напиша:
8,Овој народ со усните Ме почитува, но срцето му е далеку од Мене!
9Се залажуваат дека Ме почитуваат, а всушност ги шират своите човечки обичаи како да се Мои заповеди!‘“
10Тогаш Исус го повика народот да Му се приближи и му рече: „ Слушајте и сфатете дека,
11не го погани човекот храната што ја внесува преку устата, туку она што го зборува и што го прави.“
12По ова Му пристапија Неговите ученици и Му рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите се навредија од она што Ти го кажа?“
13А Исус им одговори: „Секоја садница што не е насадена од Мојот небесен Татко, ќе биде искоренета!
14Оставете ги; тие се слепи водачи кои водат слепи луѓе; а кога слепец води слепец обајцата ќе паднат во јама!“
15Петар проговори и праша: „Објасни ни што сакаше да кажеш со оваа споредба?“
16Тој им одговори: „Зар и вие уште не сфаќате!?
17Не сфаќате ли дека си што се јаде преку устата минува низ стомакот и се исфрла надвор?
18А зборовите што се изговараат низ устата и делата што излегуваат од срцето можат да го опоганат човекот.
19Зашто, злите планови, убиствата, прељубите, блудствата, кражбите, лагите и пцостите произлегуваат од срцето на човекот.
20Тие работи го поганат човекот, а не непочитувањето на ритуалното миење на рацете!“
21Заминувајќи од Галилеја, Исус се повлече на север, во пределот на градовите Тир и Сидон.
22Една жена, Хананејка, која живееше таму, дојде кај Него и наеднаш извика: „Имај милост спрема мене, Господе, Сине Давидов! Ќерка ми ја измачуваат демонски духови!“
23Но Исус воопшто не ђ одговори. Тогаш Му пријдоа Неговите ученици и Го молеа: „Исполни ђ ја молбата, да не вика по нас!“
24Но Исус им одговори: „Јас Сум пратен само кај Израелскиот народ, кај Божјите загубени овци“
25А жената Му пријде и паѓајќи ничкум пред Него, Му рече: „Господе, помогни ми!“
26Но Исус ђ одговори: „Не е право да се одземе лебот од децата и да им се фрли на кучињата!“
27Тогаш, таа одговори: „Така е, Господине; но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари!“
28На ова, Исус ђ одговори: „Голема вера имаш ти, жено! Нека ти се исполни желбата!“ Во истиот миг нејзината ќерка беше исцелена.
29Заминувајќи си оттаму, Исус се упати назад, кон брегот на Галилејското Езеро; таму се искачи на еден рид и седна.
30Надојде голема толпа народ, водејќи со себе куци, сакати, слепи, глувонеми и многу други болни, кои Му ги положуваа пред нозе, и Тој ги исцелуваше.
31Народот беше вчудовиден, гледајќи како неми прозборуваат, сакати оздравуваат, куци проодуваат и слепи прогледуваат. И Му оддаваа слава на Израеловиот Бог.
32Потоа, Исус ги повика кај Себе Своите ученици, и им рече: „Жал ми е за луѓето, зашто веќе три дни се со Мене, а ништо не јале. Не би сакал да ги пуштам да си одат гладни, за да не изнемоштат по пат.“
33А Неговите ученици Го прашаа: “Каде ќе најдеме доволно храна за толку народ, овде, во пустинава?“
34Тој ги праша: „Колку леб имате?“ Тие Му рекоа: „Седум леба и неколку рипчиња.“
35Тогаш Исус им заповеда на луѓето да испоседнат по земјата,
36па ги зеде седумте леба и рибите, Му се заблагодари на Бог и ги раскрши. Потоа им ги подаваше на учениците, а тие му ги разделуваа на народот.
37Сите јадеа и се наситија, а собраа и седум полни кошници со парчиња што преостанаа.
38А луѓето што јадеа беа на број четири илјади машки глави, не сметајќи ги жените и децата.
39Тогаш Исус го пушти народот да си оди, а Тој се качи на бротче и замина во пределот на Магадан.

Селектирано:

Maтеј 15: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се