МАТЕЈ 15
15
Преданија на старите
1Тогаш фарисеите и книж-ниците, од Ерусалим, Му пристапија на Исуса и рекоа: 2“Зошто Твоите ученици го пре-стапуваат преданието на старите? Бидејќи не си ги мијат рацете, кога јадат леб.“ 3А Тој во одговор им рече: „Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед, заради вашето предание? 4Зашто Бог рекол: ‘Почитувај ги татка си и мајка си,’ и ‘Кој го злоречува татка си или мајка си, со смрт нека умре;’ 5а вие велите: кој ќе му рече на татка си, или на мајка си: ‘Она со што би можел да се ползуваш од мене, Му е подарено на Бога, 6тој не треба да дава на татка си или мајка си;’ и така го укинавте Божјиот збор заради вашето предание. 7Лице-мери! Добро Исаија пророкуваше за вас, велејќи: 8’Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене. 9Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.’“ 10И го повика мноштвото и им рече: „Слушајте и разберете! 11Не она, што влегува во устата го онечистува човекот, туку она што излегува од устата, тоа го онечистува човекот.“ 12Тогаш учениците Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли, дека фарисеите се соблазнија кога го чуја тој збор?“ 13А Тој одговори и рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот небесен Татко, ќе биде откорната. 14Оставете ги. Тие се слепи водачи на слепите; а ако слепец води слепец, обата ќе паднат во јама.“ 15А Петар одговори и Му рече: „Објасни ни ја параболава.“ 16А Исус им рече: „И вие ли сте уште без разбирање? 17Не разбирате ли дека сѐ што влегува во устата оди во стомакот и се исфрла надвор? 18А она, што излегува од устата, произлегува од срцето, и тоа го онечистува чове-кот. 19Зашто од срцето произлегуваат: зли мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведо-штва, хули. 20Тие се нештата кои го онечистуваат човекот. А јаде-њето со неизмиени раце не го онечистува човекот.“
Хананејкина вера
21И откако излезе оттаму, Исус се повлече во краевите на Тир и Сидон. 22И ете, жена Хананејка, излезе од оние краишта и извика кон Него, велејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Мојата ќерка е лошо опседната од демон.“ 23Но Тој не ѝ одговори ни збор. И приближувајќи Му се, Неговите ученици Го молеа, велејќи: „Отпу-шти ја, зашто вика по нас.“ 24Но Тој одговори и рече: „Јас не Сум испратен, освен при загубените овци на домот Израелев.“ 25Таа дојде пак и Му се поклонуваше, велејќи: „Господи, помогни ми!“ 26А Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да им се земе лебот на децата и да им се фрли на кучињата.“ 27Но Таа рече: „Да, Господи, но дури и кучињата јадат од трош-ките, што паѓаат од трпезата на нивните господари.“ 28Тогаш Исус ѝ одговори и ѝ рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по твојата желба. И нејзината ќерка беше исцелена од оној час.
Исус нахранува четири илјади луѓе
29И откако замина оттаму, Исус дојде покрај морето Галилејско, се искачи на гората и седна таму. 30И дојдоа при Него големи мноштва, кои имаа со себе: хроми, слепи, неми, сакати и многу други, и ги положија пред Исусовите нозе, и Тој ги исцели, 31така што мно-штвата се восхитуваа како гледаа немите да зборуваат, сакатите здрави, хромите да одат и слепите да гледаат; и Го прославуваа Бога Израелев.
32А Исус ги повика Своите ученици при Себе, и рече: „Исполнет Сум со сожалување кон мноштвото, зашто веќе три дни останаа со Мене и немаат што да јадат; а не сакам да ги распуштам гладни, за да не премалеат по патот.“ 33И учениците Негови Му рекоа: „Откаде ни во пустината толку леб, за да наситиме толку големо мноштво?“ 34И Исус им рече: „Колку лебови имате?“ Тие рекоа: „Седум и неколку рипчиња.“ 35И му заповеда на мноштвото да поседне по земјата; 36ги зеде седумте лебови и рибите, благодари и ги раскрши; и им даде на учениците, а учениците на мно-штвото. 37И сите јадоа и се наситија; и го дигнаа преостанатото од парчињата, седум кошеви полни. 38А оние, кои јадеа, беа четири илјади мажи, освен жените и децата 39И штом ги распушти мноштвата, влезе во коработ, и дојде во пределите на Магдала.
Селектирано:
МАТЕЈ 15: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.