Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 25

25
Десет девици
1„Тогаш Небесното царство ќе биде како десет девици, кои ги зедоа своите светилници и му излегоа во пресрет на младо-женецот. 2Петте од нив беа нераз-умни, а петте мудри. 3Зашто нераз-умните зедоа со себе светилки, но не зедоа масло; 4а мудрите зедоа масло, во садовите, со своите све-тилници. 5Бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа. 6А на полноќ се чу викање: ‘Еве го младоженецот, излезете му во пресрет!’ 7Тогаш сите оние девици станаа и ги приготвија своите светилки. 8А неразумните им ре-коа на мудрите: ‘Дајте ни од вашето масло, зашто нашите све-тилници ни гаснат.’ 9Но мудрите им одговорија и рекоа: ‘За да не биде малку и за нас и за вас, отидете кај трговците и купете си!’ 10Кога отидоа да купат, младо-женецот дојде и спремните влегоа со него на свадбата, и вратата се затвори. 11А потоа дојдоа и дру-гите девици и рекоа: ‘Господаре, господаре, отвори ни!’ 12Но тој им одговори и рече: ‘Вистина ви велам - не ве познавам!’ 13И така - бдејте, зашто не го знаете ни денот ни часот!“
Таланти
14“Зашто ќе дојде како човек, кој - тргнувајќи на пат - ги повика своите слуги и им го предаде својот имот, 15и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден, секому според неговата способност, и отпатува. 16Оној, кој прими пет таланти, веднаш отиде, и тргуваше со нив и спечали други пет. 17Исто така, и оној со двата таланти, спечали други два. 18А оној, кој прими еден отиде, ископа во земјата и го сокри среброто на својот господар. 19По долго време, дојде господарот на тие слуги и ја прегледа сметката со нив. 20И кога пристапи оној, кој примил пет таланти, донесе други пет таланти и рече: ‘Господаре, ми предаде пет таланти, а еве, јас спечалив и други пет.’ 21Тогаш неговиот господар му рече: ‘Добро, сакан и верен слуго! Си бил верен во малку, ќе те поставам над многу; влези во радоста на својот господар!’ 22А кога пристапи оној, кој примил два таланта, рече: ‘Господаре, ми даде два таланта, а еве, јас спечалив други два.’ 23Тогаш неговиот гос-подар му рече: ‘Добро, сакан и верен слуго! Си бил верен во малку, ќе те поставам над многу; влези во радоста на својот господар!’ 24А кога пристапи оној, кој примил еден талант, рече: ‘Гос-подаре, знаев дека си ти строг човек, жниеш каде што не си сеел и собираш каде што не си веел; 25се исплашив, отидов и го скрив твојот талант во земјата. Еве, го имаш своето!’ 26А неговиот господар одговори и рече: ‘Зол и мрзлив слуго, знаеше дека жнијам, каде што не сум сеел и дека собирам, каде што не сум веел; 27затоа требаше да им го дадеш моето сребро на менувачите и јас - по враќањето - ќе го земев моето со добивка. 28Затоа, одземете му го талантот и дајте му го на оној, кој има десет таланти! 29Зашто секому, кој има, ќе му се даде уште и ќе има во изобилство, а оној, кој нема, ќе му се одземе и она што го има. 30А неполезниот слуга исфрлете го во крајна темнина; каде ќе биде плач и чкртање со заби.’“
Судниот ден
31“Кога Човечкиот Син ќе дојде во Својата слава и сите ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на Својата слава; 32и ќе се соберат пред Него сите народи, а Тој ќе ги оддели едни од други, како што пастирот ги одделува овците од јарците. 33И ќе ги постави овците од својата десна страна, а јарците од левата. 34Тогаш Царот ќе им рече на оние од десната страна: ‘Дојдете, благословени од Мојот Татко, и примете го во наследство Царството, кое ви е приготвено од создавањето на светот! 35Зашто огладнев и Ми дадовте да јадам; ожеднев и Ме напоивте; бев странец и Ме примивте; 36бев гол и Ме облековте; бев болен и Ме посетивте; бев во темница и дојдовте при Мене.’ 37Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ‘Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме; или жеден и Те напоивме? 38Кога Те видовме како странец и Те примивме? Или гол и Те облековме? 39Кога те видовме болен или во темница и дојдовме при Тебе? 40А Царот ќе им одговори: ‘Вистина ви велам, доколку му направивте на еден од овие Мои најмали браќа, Мене Ми направивте.’ 41Тогаш ќе им рече и на оние од левата страна: ‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели! 42Зашто огладнев и не ми дадовте да јадам; ожеднев и не Ми дадовте да пијам, 43бев странец и не Ме примивте; бев гол и не Ме облековте; бев болен и во темница и не Ме посетивте.’ 44Тогаш тие ќе одговорат и речат: ‘Господи, кога Те видовме гладен, или жеден или како странец, или гол или болен или во темница, и не Те послуживме?’ 45Тогаш ќе им одговори: ‘Вистина ви велам, доколку не му направивте на еден од овие најмали, ни Мене не Ми направивте!’ 46И овие ќе отидат во вечна мака, а праведниците во вечен живот.“

Селектирано:

МАТЕЈ 25: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се