МАТЕЈ 6
6
1„Внимавајте да не ја вршите својата правда пред луѓето, за да ве видат тие; инаку немате награда од вашиот Татко, Кој е во небесата. 2И така, кога правиш милостина, не труби пред себе, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да бидат славени од луѓето. Вистина ви велам, ја имат својата награда. 3А ти, кога правиш милостина, нека не ти знае левицата, што ти прави десницата, 4за да биде твојата милостина во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.“
5“И кога се молите, не бидете како лицемерите, кои сакаат да се молат стоејќи по синагогите и на аглите од улиците, за да ги видат луѓето; вистина ви велам, ја имат својата награда. 6А ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба, затвори ја вратата и помоли Му се на твојот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.“ 7“А кога се молите, не употребувајте напразни повторувања како народите; зашто мислат дека ќе бидат послушани, заради многуте зборови. 8И така, не бидете како нив, зашто вашиот Татко знае што ви е потребно, уште пред да Го помолите. 9Туку молете се вака: „Татко наш, Кој си во небесата, да се свети Твоето име; 10да дојде Твоето царство, да биде Твојата волја, како во небото, така и на земјата; 11нашиот насушен леб, дај ни го денес; 12и прости ни ги нашите долгови, како што и ние им ги проштаваме на нашите должници; 13и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот. Зашто Твое е царството, и силата, и славата, во сите векови. Амин!“
14“Зашто, ако вие им ги простите на луѓето нивните престапи, вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вам. 15Ако вие не им ги простите на луѓето нивните пре-стапи, ни вашиот Татко нема да ви ги прости вашите.“
16“А кога постите, не бидете тажни како лицемерите; зашто си ги помрачуваат лицата, за да ги видат луѓето дека постат; вистина ви велам, ја имат својата награда. 17А ти, кога постиш, помажи ја својата глава и измиј го своето лице, 18за да не те видат луѓето дека постиш, но твојот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.“
19“Не собирајте си богатства на земјата, каде што молецот и рѓата ги уништуват, и каде што крадци поткопуваат и крадат; 20туку собирајте си богатства во небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги уништува, и каде што кра-дци не поткопуваат и крадат; 21зашто каде е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце.“
22“Светилото на телото е окото. И така, ако твоето око е бистро, целото твое тело ќе биде осве-тлено; 23но ако твоето око е лукаво, целото твое тело ќе биде те-мно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, колкава ќе биде темнината!“
24“Никој не може да им служи на два господара; зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе му биде приврзан на едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите на Бога и на мамона.“
25“Затоа ви велам: не грижете се за својата душа, што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за своето тело, што ќе облечете. Зар душата не е повеќе од храната, и телото од облеката? 26Погледнете ги птиците небесни! Тие ниту сеат, ниту жнијат, ниту собираат во житници, и пак вашиот небесен Татко ги храни. Зар не сте вредни многу повеќе од нив? 27Кој од вас може, грижејќи се, да му придаде на својот раст еден лакот? 28Зошто се грижите и за облеклото? Погле-днете ги полските лилјани како растат; не се трудат, ниту предат; 29а Јас ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече како еден од нив. 30И, ако Бог ја облекува така полската трева, што денес е, а утре ја фрлаат во печка, нема ли многу повеќе вас, маловерни? 31И така не грижете се, велејќи: ‘Што ќе јадеме?’ или: ‘Што ќе пиеме?’ или: ‘Што ќе облечеме?’ 32Зашто сето тоа го бараат народите, зашто вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето ова. 33Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сѐ тоа ќе ви се додаде.
34И така, не грижете се за утре-шниот ден, зашто утрешниот ден ќе се грижи за себеси. Доста му е на секој ден неговото зло.“
Селектирано:
МАТЕЈ 6: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.