Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МИХЕЈ 1

1
ОБВИНУВАЊЕ ПРОТИВ ИЗРАЕЛ И ЈУДА
1:1-2:13
А. Воведни слова
1Господово слово упатено на Моресетецот Михеј во времето на Јоатам, Ахаз и Езекија, јудејски цареви. Неговите виденија за Самарија и Ерусалим.
Б. Божји гнев врз Самарија и Јуда
2Чујте, народи, вие сите! Слушај земјо и сѐ што те исполнува! Господ Бог ќе сведочи против вас - Господ од Својот свет Храм! 3Зашто, еве: Господ излегува од Своето свето место, слегува и оди по земските височини. 4Горите се растопуваат под Неговите чекори и долините се распукуваат под Неговите чекори и долините се распукуваат како восок пред оган, како водата што се разлева низ стрмнината. 5Сѐ е тоа Јакововото злосторство и за гревовите на Израелевиот дом. Кое е Јакововото злосторство? Не е ли Самарија? Кои се Јудините високи места? Не е ли Ерусалим? 6„Ќе направам од Самарија грутки куп во полето, на место за садење лозје. Ќе ги растркалам нејзините камења во долината, ќе ѝ ги откријам основите. 7Ќе се искршат на парчиња сите нејзини резани ликови, сета блудничка плата ќе ѝ биде изгорена со оган, ќе ги запустам сите нејзини идоли, зашто се насобрани од блудничка плата, и пак ќе се вратат на блудничка плата.“ 8Затоа ќе плачам и ќе заридам, ќе одам гол и необлечен, ќе вијам како шакалите, ќе пискам како ноевите. 9Зашто нема лек за нејзината рана, стига сѐ до Јуда, ја допира вратата на Мојот народ, сѐ до Ерусалим! 10Не јавувајте го тоа во Гат, не плачете воопшто! во Вит-Афра, тркалајте се во прав! 11Заминувај срамно разголена сафирска жителке! Од својот град не излезе сананската жителка! Оплакувањето на Вет-Езил ќе ја зема поткрепата од вас. 12Како може да ѝ се надева на среќата маротската жителка? Зашто несреќата слегува од Господ сѐ до Ерусалимската Врата. 13Впрегнете брзи коњи во бојни коли, лахиски жителки! Тоа беше почеток на гревот на Сионската Ќерка, зашто во тебе се најдоа Израелевите злосторства. 14Затоа ќе му дадеш проштални дарови на Моресет-Гат, ахсивските домови ќе ги измамат израелските цареви. 15Уште ќе ти доведам наследник жителке на Марис, ќе стигне до Одолам Израелевата слава. 16Корни ја косата и истрижи се заради своите мили деца! Стани ќелава како орелот мршар, зашто ќе одат далеку од тебе во ропство.

Селектирано:

МИХЕЈ 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се