МИХЕЈ 2
2
В. Причина за Божји гнев
1. За закупци и грабачи
1Тешко им е на оние што смислуваат беззаконие и што подготвуваат зло на своите постели! Штом ќе се раздени, тие го извршуваат, зашто силата е во нивната рака. 2Посакаат ли полиња, ги одземаат и куќи, ги земаат; им прават насилство на човекот и на неговата куќа, на сопственикот и на неговото наследство.
2. Господова казна
3Затоа Господ зборува вака: „Еве, му смислувам зло на тој род, од кое не ќе ги извлечете вратовите, ниту ќе одите горделиво, зашто ќе биде лошо време. 4Во оној ден ќе биде составена пословица за вас, ќе се запее тажачка и ќе се рече: ‘Пропадна! сосем сме запустени, наследството на мојот народ е оттуѓено, и никој да му го врати, нашите ниви поделени им се на другите народи.’“ 5Затоа не ќе има никој, кој би определил граница за твојот дел во Господовиот собир.
3. За лажни пророци
6„Не пророкувајте, пророци; не пророкувајте им, срамот не ќе се отстрани! 7О, ти, што се нарекуваш Јаковов дом! Зар Духот Господов е ограничен? Зарем такви Му се делата? Зборовите Мои зар не прават добро на оној кој оди праведно? 8Вие сами се дигате како непријатели на Мојот народ. На безгрешниот човек вие му ја одземате наметката, на оној кој патува без страв му досудувате воени стравотии. 9Вие ги истерувате жените на Мојот народ од нивните мили домови; на нивните деца им ја одземате засекогаш славата која им ја дадов: 10Станете, одете! Ова не е одморалиште! Зашто се онечистивте, тоа ќе ве уништи, да, потполно ќе ве уништи. 11Кога би можел да биде вдахнат човекот, кој ја измислува оваа измама: ‘Ти пророкувам вино и пијалак,’ тој би бил пророк на овој народ.
4. Господ ќе го собере Својот народ
12Ќе те соберам сиот, Јакове, ќе го соберам Израелевиот Остаток! Ќе ги сместам заедно како овци во кошара, како стадо на пасиште - голема врева ќе направат од мноштво на луѓе. 13Пред нив оди разурнувачот: тие ќе срушат и ќе влезат, низ вратата ќе влезат и ќе излезат; пред нив ќе оди нивниот цар, Господ ќе биде на чело.“
Селектирано:
МИХЕЈ 2: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: