МИХЕЈ 3
3
БОЖЈИ СУД, ОБНОВА НА ИЗРАЕЛ И ЦАРСТВО НА МЕСИЈА
3:1-5:15
А. Изобличување на гревови и претскажување за разурнувањето на Ерусалим
1. За угнетувачи на народот
1Потоа реков: „Чујте сега, главатари на Јакововата куќа, судии на Израелевиот дом! Нели е на вас да знаете што е право? Но вие го мразите доброто и го љубите злото! 2Вие им ја дерете кожата од телото на луѓето и месото од нивните коски. 3Тие го јадат телото на Мојот народ и му ја дерат кожата, му ги кршат коските. Тие ги дробат како во грнец, како месо во полн котел!“ 4Затоа, тие ќе Го повикуваат Господа, а Тој не ќе им одговори. Ќе го скрие во тоа време лицето од нив, заради злосторите што ги направиле.
2. За лажни пророци
5Господ зборува вака против пророците кои го заведуваат Мојот народ: Кои гризаат со забите, и прогласуваат: „Мир!“ Но против оној, кој не им става ништо во устата навестуваат војна. 6„Затоа ќе имате ноќ место вашите привиди, и темнина место пророштво. Ќе им зајде сонцето на тие пророци, и денот ќе се стемни за нив. 7Тогаш гледачите ќе се засрамат и ќе се збунат вражалците. Сите тие ќе ги покријат усните, зашто ќе нема Божји одговор.“ 8Ама јас сум полн со сила и со Господов Дух, полн со правда и со цврстина за да му ја известам на Јакова неговата нечесност, на Израел неговиот грев.
3. За Израелеви кнезови
9И така, чујте го ова, главатари на Јакововата куќа, судии на Израелевиот дом, вие на кои им се гади правдата, та извртувате сѐ што е правилно! 10Вие кои го градите Сион со крв и Ерусалим со неправда! 11Неговите главатари судат според поткупот, неговите свештеници поучуваат заради печалба, неговите пророци претскажуваат за сребреници. А тие се повикуваат на Господа и зборуваат: „Нели е Господ во наша средина? Не ќе навали зло на нас“. 12Заради вас и вашата вина Сион ќе биде преорано поле, Ерусалим урнатина, а Гората на Домот ќе ја покрие шума.
Селектирано:
МИХЕЈ 3: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: