Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МИХЕЈ 6

6
БОЖЈИ СУД И МИЛОСРДИЕ
6:1-7:20
А. Божја тага за Негов народ
1Чујте сега што зборува Господ: „Стани! Суди се пред горите, и бреговите нека го чујат твојот глас! 2Гори слушајте ја Господовата пресуда, основи на земјата, чујте, зашто Господ се суди со Својот народ, Тој се суди со Израел: 3Народе Мој, што ти сторив? Со што те изморив? Одговорете против Мене, 4Јас те изведов тебе од Египетската Земја, те избавив од куќата на ропството; го испратив пред тебе Мојсеја, Арона и Маријам. 5Народе Мој, спомни си сега: Што беше наумил Валак, моавскиот цар? Што му одговори нему Валаам, синот Веоров, (спомнете си за сѐ збиднато) … од Ситим до Галгал, за да ги познаеш праведните Господови дела?“ 6Со што ќе дојдам пред Господа, ќе паднам ли ничкум пред Сѐвишниот Бог? Ќе дојдам ли пред Него со жртва паленица, со телиња годиначиња? 7Дали ќе Му бидат мили илјада овни, илјада илјади потоци масло? Треба ли да се принесе првородениот син заради својот престап, плодот на својата утроба заради гревот на мојата душа? 8Човеку, објавено ти е, што е добро, што бара Господ од тебе: да се прави само правда, да се љуби милосрдието и да се оди смирено со својот Бог. 9Господовиот глас му вика на градот и мудроста ќе го види Твоето Име: „Слушајте го жезалот и Оној, Кој го определил. 10Зар можам да го поднесувам богатството во домот на безбожниците, со проклета неполна ефа? 11Можам ли да го оправдам оној кој се служи со крива мерка, со вреќа со измамливи мерилки? 12Вашите богаташи полни се со насилство, вашите жители зборуваат лага, измамлив е јазикот во нивната уста! 13Затоа и Јас почнав да те удирам, да те истребувам заради твоите гревови. 14Ќе јадеш, а нема да се наситиш, ќе останеш гладен; ќе оставаш настрана и ништо не ќе сочуваш; ако и запазиш нешто, Јас ќе го предадам на меч. 15Ќе сееш, но нема да жнееш; ќе ја цедиш маслинката, а не ќе се намажеш со масло; ќе газиш грозје, а не ќе пиеш вино. 16Ги пазиш Амриевите закони и сите дела на Ахавовиот дом, живееш според нивните совети: ќе направам пустина од тебе, потсмев од твоите жители, за да го носите срамот на многу народи.“

Селектирано:

МИХЕЈ 6: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се