Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 10:1-12

МАРКО 10:1-12 MKB

И стана оттаму и дојде во пределите на Јудеја, од онаа страна на Јордан; и пак народот Му се придружи, а Тој ги поучу-ваше, според Својот обичај. И Му пристапија фарисеите и Го пра-шаа, за да Го искушуваат: „Дозво-лено ли му е на мажот, да ја остави жената?“ А Тој им одговори и рече: „Што ви заповеда Мојсеј?“ Тие рекоа: „Мојсеј дозволи да ѝ се напише разводно писмо и да се остави.“ Но Исус им рече: „Зара-ди вашето кораво срце - тој ви ја напиша таа заповед. Но, во почетокот на создавањето, Бог ги создаде: машко и женско. Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до жена си; и двајцата ќе бидат едно тело. И така, не се веќе две - а едно тело. И така, Бог што соединил, чове-кот да не раздвојува. И дома, учениците пак го прашаа за тоа. И Тој им рече: „Кој ќе ја напушти својата жена и се ожени со друга, прави прељуба спрема неа. И ако таа го напушти мажот и се омажи за друг, прави прељуба.