МАРКО 3
3
1И влезе пак во синагогата, а таму имаше човек со исушена рака. 2И Го набљудуваа, дали ќе го излечи во сабота, за да Го обвинат. 3И му рече на човекот, кој имаше сува рака: „Застани насреде!“ 4И им рече: „Дали е дозволено во сабота: да се прави добро или зло? Да се спаси душа, или да се погуби?“ А тие молчеа. 5Тогаш ги изгледа, наоколу, со гнев, и натажен заради закоравеноста на нивните срца, му рече на човекот: „Протегни ја раката!“ И тој ја протегна и стана пак здрава неговата рака. 6А фарисеите, кога излегоа, веднаш се советуваа со иродовците против Него, за да Го уништат.
Избор на Дванаесетмината
7А Исус се повлече со Своите ученици кон морето, и големо мноштво од Галилеја, тргна по Него, и од Јудеја, 8и од Ерусалим, од Идумеја и од другата страна на Јордан; од околината на Тир и Сидон, големо множество дојде при Него, откако чуја што правел. 9И им рече на Своите ученици да Му се приготви еден кораб, заради народот, за да не Го притискаат. 10Бидејќи мнозина излекува, така што навалуваа на Него сите, кои страдаа, за да Го допрат. 11И нечи-стите духови, штом ќе Го видеа, паѓаа пред Него и викаа, велејќи: „Ти си Божји Син!“ 12И им забрануваше строго да не Го разгласуваат.
13И се искачи на гората и ги повика при Себе оние, кои ги сакаше и тие отидоа кај Него. 14И определи Дванаесетмина да бидат со Него, и да ги праќа да проповедаат, 15и да имаат власт да ги изгонуваат бесовите. 16И ги определи Дванаесет-мина: и на Симона му го даде името Петар, 17па Јакова Зеведеев и Јована, братот Јаковов, на кои им го даде името Воанергес - што значи: Синови на Громот; 18и Андреја, и Филипа, и Вартоломеја, и Матеја, и Тома, и Јакова Алфеев, и Тадеја, и Симона Хананец, 19и Јуда Искариотски, кој Го предаде.
Хула против Светиот Дух. Вистин-ски Христови роднини
20И дојде во една куќа, и пак се собра народ, така што не можеа ни леб да јадат. 21А кога Неговите чуја за тоа, излегоа за да Го прибе-рат, зашто зборуваа дека не е при Себеси. 22Книжниците пак, кои дојдоа од Ерусалим, зборуваа дека го има Велзевула и дека со помош на демонскиот кнез ги истерува бесовите. 23И откако ги повика, им зборуваше во параболи: „Како може сатаната да изгонува сатана? 24Ако едно царство се раздели против себеси, тоа не може да се одржи. 25И ако дом се раздели против себеси, тој дом не може да опстане. 26И ако сатаната се кренал против себеси и се разделил, не ќе може да опстане, туку му дошол крајот. 27Но никој не може да влезе во куќа на силен и да му ја ограби покуќнината, ако првин не го врзе силниот и тогаш да му ја ограби неговата куќа. 28Вистина ви велам, дека на човечките синови ќе им бидат простени сите гревови и хули, колку и да хулат; 29но кој похули на Светиот Дух, нема про-шка довека, 30туку го обвинува вечен грев. Зашто рекоа: „Има нечист дух!“
31И тогаш дојдоа: Неговата мајка и Неговите браќа и, стоејќи надвор, испратија при Него да Го пови-каат. 32А околу Него седеше народ и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и Твоите браќа надвор Те бараат!“ 33И во одговор им рече: „Кои се мајка Ми и браќа Ми?“ 34И ги погледна наоколу оние, кои седеа околу Него и рече: „Еве ги мајка Ми и браќа Ми; 35зашто, кој ја исполнува Божјата волја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.“
Селектирано:
МАРКО 3: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.